ОБЈАВЕН ТРАНСКРИПТОТ ОД РАЗГОВОРОТ НА ЈЕЛЦИН И КЛИНТОН ЗА ПУТИН: ,,На крај дојдов до него“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На сајтот библиотека ,,Бил Клинтон“ се објавени транскрипти од телефонските разговори помеѓу Борис Јелцин и неговиот американски колега од 1999 година, во кои се истакнува дека Првиот претседател на Русија лично го информирал Клинтон дека за свој наследник го избра Владимир Путин.

Јелцин во текот на разговорот на 8 Септември изрази уверување дека новиот лидер на земјата ќе добие поддршка од граѓаните.

Првиот руски претседател признава дека му требало многу време да размисли кој би можел во 2000 година да биде на чело на земјата.

„На крајот наидов на него, тоа е Путин“, му рекол Јелцин на Клинтон.

Како позитивни квалитети на Путин, Јелцин наведува дека е ,,солиден и силен“, а воедно многу ,,друштвен“.

Јелцин истакнува дека е уверен дека ќе го убеди неговиот американски колега дека новиот лидер на земјата ќе биде ,,високо квалификуван партнер“.

Два месеца подоцна , 19 Ноември, Јелцин изразува уверување дека Путин ќе биде Претседател ан Русија.

На прашањето на Клинтон, кој ќе победи на претседателските избори , Јелцин одговорил: ,,Секако, Путин. Тој ќе биде мој наследник“. Тој е демократ и добро го познава Западот“.

Клинтон тогаш успева да се сретне и да разговара со Путин на самитот на АПЕК. Според неговите зборови , Путин оставил силен впечаток кај него и дека е многу паметен човек.

,,Тој има енергија и памет за да успее“, наведува Јелцин.

Јелцин на 31 Декември дава оставка, по што Путин стнува вршител на должност Претседател, а на 26 Март Путин победува во прв круг на изборите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This