April 19, 2024, 10:20 pm

ОБЈАВЕН ТРЕТИОТ ДЕЛ ОД АНКЕТАТА НА „ПАВЕЛ ШАТЕВ“: Граѓаните се чувствуваат измамени од Заев – ветувањата не се остваруваат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Третиот дел од анкетата на Институтот „Павел Шатев“ покажува дека партијата на чело со Никола Груевски сѐ уште ужива најголема доверба кај народот. Мнозинството граѓани веруваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги исполни предизборните ветувања, а мал дел од анкетираните веруваат во ветувањата на СДСМ.

Анкетата на Институтот „Павел Шатев“ беше спроведена од 29 август до 1 септември 2017 година на репрезентативен примерок од 1250 испитаници.

На прашањето „На која партија ѝ верувате повеќе дека ќе ги исполни своите предизборни ветувања кон граѓаните“, 36,4 проценти одговориле дека тоа е партијата ВМРО-ДПМНЕ. Само 16,7 проценти дале одговор СДСМ.

Дури 53,5 проценти од анкетираните граѓани се уверени дека ВМРО-ДПМНЕ може да обезбеди повисок економски раст и отворање на нови работни места.

„Помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ која партија сметате дека може да обезбеди повисок економски раст и отворање на нови работни места“

Граѓаните се разочарани од полотиките на СДСМ во изнминатиот период и не веруваат дека оваа партија на власт може да отвори нови работни места. Само 20,4 проценти од испитаниците веруваат во партијата на Зоран Заев.

Истражувањето беше спроведено на ниво на Република Македонија. Беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол и возраст, а исто така беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење при што Скопје е земено како посебна целина.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This