ОБЈАВЕТЕ ГИ ИМИЊАТА НА ТИЕ ШТО ЗЕМАЛЕ ПАРИ: „Комитите“ бараат јавно да се обелоденат имињата на оние кои наводно земале пари за протести!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Навивачката група „Комити“ побара МВР јавно да каже кој земал пари за да оди на протести, јави Сител. Од „Комити“ за телевизијата велат дека до овој момент ниту еден денар од никаков донатор не стигнал кај нив. Според нив, станува збор за политички притисок од власта врз навивачите, нешто на што навивачката група Комити веќе предупреди.

Од „Комити“ велат дека ја поздравуваат истрагата на полицијата и апелираат доколку некој земал пари за протести неговото име час поскоро да биде јавно објавено.

Реакцијата на „Комити“ следи по изјавата на премиерот Заев дека приведени навивачи во полиција изјавиле дека земале пари од рускиот бизнисмен Савидис за да излезат на протести. И Савидис денеска ја демантираше оваа информација, а реагираше и руската амбасада дека ваквата изјава на Заев е неодговорна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This