ОБЈABЕНА БОЈАТА КОЈА ЌЕ ЈА ОБЕЛEЖИ 2020 ГOДИНА: Со овие koмбинации ќе изглeдате убaво и тpeнди

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новата 2020 година е на прагот. Сосема нормално (и не само за празници) сите сакаме да изгледаме убаво и тренди.

 

 

 

Но, како да го направите тоа?

Најлесен начин е да се потпрете на најмодерната и актуелна боја за 2020 година.

Сега експертите од американскиот Институт за бои „Пантон“ ја утврдија главната боја за наредната година.

Станува збор за класично сината боја.

” Класично сината боја е елегантна по својата едноставност. Таа се перцепира како боја на смиреност и вметнува мир и спокојство во човечката душа”, потенцираат експертите од „Пантон“.

 

 

 

 

Тие истакнаа дека секогаш може да се потпрете на класично сино. Нијансата не потсетува на бесконечноста на вечерното небо и нè поттикнува да одиме подалеку од вообичаеното.

Институтот „Пантон“ ја дефинира главната боја на годината од 2000 година.

За 2019 година беше избрана бојата на „живиот корал“.

Компанијата создава бои за мода и козметичка индустрија, градежништво, текстил и други сектори. Позната е по тоа што има ист систем за појавување на боја. „Пантон“ ја избира водечката нијанса врз основа на она што веќе се користи во модата и дизајнот на ентериер, како и на проекциите со траен интерес.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This