Оваа година Илинденскиот мapш е посветен на ycтавoбpaнителите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Годинава по 12 пат коњаниците на здружението Бигорски Манастир Патот на Црешовото Топче тргаат за Крушево, светилникот на македонскиот непокор, каде на 2 август 2021 година во рамките на свеченостите на Мечкин Камен по повод „10 дена Крушевска Република“, ќе оддадат должна почит на македонските херои паднати за слободата на Македонија.

Во спомен на храбрите Илинденци, коњаницата “Бигорски Манастир-Патот на Црешовото Топче“ годинава по дванаесети пат ќе го организираат традиционалниот коњички марш.

1 33Манастирот Св. Јован Бигорски има посебно место во историјата на македонскиот народ.

Во 1903 година, манастирот служел како главна база на дејствување во подготовката на комитетите, а сите села од двете страни на реката Радика биле организирани и покрстени како членови на ВМРО. На сите дејци монасите им овозможувале престој, а во манастирот бил изграден склад за оружје.

FB IMG 1595866978049

Како некогаш, така и сега по молитвата и заклетва за верност кон македонското дело пред камата и револверот благословени ќе тргнат кон Крушево по патот на црешовото топче, пат кој го означува стремежот на македонскиот народ за своја татковина.

Маршот на коњаницата “Бигорски Манастир–Патот на Црешовото Топче“ прв пат се одржа пред дванаесет години како иницијатива на група граѓани ентузијасти и поддржувачи на револуционерното минато.

1 22

Со поаѓањето од Бигроскиот манастир за Крушево, коњаниците не` присетуваат на нашите славни Илинденци, на монашкото братство и на народот кој им давал голема подршка во сенародното ослободително востание.

26.07.2021 Понеделник: Агенда на движење на Коњаницата од Цапари–Битола

07:00 часот – Служба со заклетва во црквата во село Цапари,

08:30 часот – Коњаницата од Цапари тргнува кон Битола, движејки се по стариот пат, покрај селото Братиндол,

13:00 часот – Пристигнување во Битола, патеката по влегувањето во Битола: по Булевар 1-ви Мај, покрај Саат кулата и црквата Св. Димитрија, продолжувајки до Библиотеката и Хотел Епинал и завршува кај долната гимназија.

15:00 часот – Коњаницата тргнува за Бигорски Манастир, каде се среќава со Коњаницата „СВ ЈОВАН БИГОРСКИ ПАТОТ НА ЦРЕШОВОТО ТОПЧЕ“.

26.07.2021 Понеделник: Агенда на движење на Коњаницата од Зубовце-Тумчевиште-Гостива

9,00ч. Посета на гробиштата во с. Зубовце.

11.00ч. Коњаницата пристигнува во с. Тумчевиште

13.00ч. Посета на гробиштата во Гостивар.

14.30ч. – Благослов на коњаниците во црквата „Св. Богородица“ во Гостивар

16,00ч. Од кај градскиот стадион во Гостивар коњаниците одат за Манастирот св. Јован Бигорски.

27.07.2021 вторник:

10.00 часот Бигорски Манастир: Литургија ,Благослов и Заклетва.

11.00 часот Коњаницата по благословот во Бигорскиот манастир тргнува на пат за Јанче.

12,00 часот Пристигнување во с. Јанче, коњаницата од с.Јанче патува кон с.Галичник.

13.30 часот пристигнување во с.Галичник.

15.30 часот Коњаницата од селска ливада во Галичник тргнува за бачило Салтаница.

20.00 часот Пристигнување на коњаницата во бачило Салтаница.

28.07.2021 Среда:

07.00 ч. Тргнување на коњаницата од бачило Салтаница и патува покрај бачилото Сулумуница.

11.00 часот пристигање на бачило Раштанец, по мала пауза коњаницата тргнува кон Кнежињо.

16.00 часот Пристигнување во Манастирот – Кнежино.

29.07.2021 Четврток:

08.00 часот Тргнување од Манастирот во Кнежињо кон Крушино.

10.00 часот Пристигнување во Крушино.

11.00 часот Коњаницата влегува во Кичево на раскрсница кај борова шума -Коњаницата се упатува кон црквата во Кичево..Коњаницата после благословот од црквата се упатува кон с. Врањешница.

12.00 часот Коњаницата се упатува спрема општа болница во Кичево и излага на магистрален пат за с. Србјани. Коњаницата се упатува по селскиот пат Староец.

14.30 часот коњаницата влегува во с. Врањешница во црква СВ Илија.

30.07.2021 Петок:

11.00 часот Коњаницата тргнува за пат за Цер.- По патот за сел Цер коњаницата поминува низ Турла и с.Црцко.

15.00 часот пристигнување во с Цер.

31.07.2021 Сабота:

9.00 часот Коњаницата од с.Цер по патот за Крушево поминува низ с. Пуста Река покрај С, Долно Дивјанци и покрај Арилево

14,30 часот пристигнуване на езерото во Крушево -кампот на коњаницата Бигорски Манастир патот на црешовото топче.

Коњаницата СВ ЈОВАН БИГОРСКИ ПАТОТ НА ЦРЕШОВОТО ТОПЧЕ по дванаесети пат ќе учествува на прославата 10 дена КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА.

Оваа година коњичкиот марш го посветуваме на уставобранителите кои невини лежат во Македонските зандани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This