ОВАА ЗЕМЈА ЖИВЕЕ ВО ИДНИНАТА: Криптовалути место банкноти ќе се користат за исплата на платите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Даночната служба во Нов Зеланд донела одлука платите да може да се исплаќаат во криптовалути ако таа се поврзе за најмалку една стандардна валута.

Властите на Нов Зеланд исто така бараат избраната криптовалута да може да биде конвертабилна во некој стандарден облик на плаќање, пренесоа светските агенции.

Како што пишува Бизнис инсајдер, тоа овозможува биткоинот, најголемата светска криптовалута по пазарна вредност да служи како облик за плаќање на новозеландските работници кога тој нов закон ќе стапи на сила од 1 септември.

Предлог законот е службено поднесен на 7 август, а во него стои дека Нов Зеланд ќе овозможи и исплата на бонуси во криптовалути.

Варијантата со исплата на плати во дигитални валути подлежат на национален состав на плаќање данок на заработка, а според новиот закон исклучени се самовработените работници кои не можат својата заработка да ја префрлат во виртуелна валута.

Овој потег претставува чекор понатаму во воедување на koнтроверзната дигитална валута во состав на секојдневниот начин на плаќање.

Криптовалутите се релативно слободни од прописи, а тоа што нивните текови не може да се следат на стандардни начини, ги направило популарни кај aнонимни онлајн купувања.

-Овој потег е „уште еден чекор кон тоа властите да сфатат колку луѓето навистина сакаат да бидат исплаќани во криптовалути-рекол Томас Хулм, адвокат од Лондон за Фајненшел тајмс.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This