ОВАА ЗЕМЈА, ЗА НАТО НЕ Е МАКЕДОНИЈА: Јенс Столтенберг не можеше да го изговори името на Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во обраќањето пред пратениците во Собранието на Република Макенија, генералниот секретар на НАТО ниту еднаш не го изговори името на земјата во која е гостин. Наместо Македонија или Република Македонија, земјата ја условуваше со терминот „вашата земја“ или „оваа земја“.

Има уште место пред седиштето на НАТО за знамиња. Минатата година Црна Гора стана 29 членка и тие сега се рамноправен член на Алијансата. Ние сакаме да бидете дел од нашето семејство, но има уште работа. Тука пред се, мислам на решение на проблемот со вашето уставно име, со Република Грција – рече генералниот секретар на НАТО. Столтенберг ѝ се заблагодари на „оваа земја“ за учеството во мисиите на НАТО. Тој искажа надеж дека „оваа земја“ ќе стане дел од, „најуспешниот воен сојуз во светот“.

-И се заблагодарувам на „оваа земја“ за учеството во мисиите на НАТО. Има уште место пред седиштето на НАТО за знамиња. Минатата година Црна Гора стана 29 членка и тие сега се рамноправен член на Алијансата. Ние сакаме да бидете дел од нашето семејство, но има уште работа. Тука пред се, мислам на решение на проблемот со вашето уставно име, со Република Грција – рече генералниот секретар на НАТО.

Во исто време, Столтемберг го поздрави Законот за јазици, иако тој официјално е поништен поради ветото на претседателот Иванов.

–Усвојувањето на Законот за јазици беше важен чекор. Го нотираме напредокот за транспарентност и одговорност. Судските реформи мора да продолжат. Се надеваме дека ќе видиме напредок во реформите за изборите, медиумите. Сите имате одговорност. Не само да носите закони, туку и да бидете слободна и демократска земја, каде се почитува правото. Тука, голема улога има и опозицијата. Ние ја препознаваме и суштинската улога на граѓанското општество. Добро е да покажете добри односи со соседите. Ви честитам на ратификацијата на Договорот за добрососедство со Бугарија. Од суштинско значење на НАТО е да видиме како инвестирате во вашата одбрана. Ние сме воена алијанса, да си помогнеме во одбраната. Со начелото еден за сите-сите за еден. Сакаме да ја видиме вашата земја како се движи кон овие цели – рече Столтенберг.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This