March 28, 2024, 12:45 pm

ОВА ГО НЕМА НИТУ ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА: Судии се фалат по ходници дека ќе добиеле унапредување од Заев за изречена пресуда!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Монтирани предмети, нарачани пресуди, корупција и скандали, а не станува збор за некоја Африканска земја или пак земја од третиот свет, сето ова се случува среде Европа, во 21 век, во држава која што во моментов се нарекува Македонија. Во минатото ја нарекуваа чудесна земја поради нејзините природни убавини, а сега единствено нешто што остана чудно е тоа како Заев не се најде во затвор, кога беше фатен со смкнати гаќи како бара поткуп од неверојатни 200 илјади евра.

Но ништо нема да е чудно доколку во предвид ја земе фактичката ситуација каде судии се фалат како со една пресуда во корист на Заев и СДСМ или пак контра нивните политички неистомисленици ќе добијат унапредување. Таков е и случајот со судијата и поранешен претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски кој од страна на судијката Хилда Мешкова беше осуден поради спроведување наводен мобинг во судот, а сето тоа под диригентската палка на Горан Стаменковски.

Имено Стаменковски е шеф на одделот за човечки ресурси во Основниот суд Скопје 1 каде и се водеше предметот на Панчевски, а воедно е и советник во кабинетот на Заев. Според неофицијални информации кои кружат во јавноста Стаменковски е десна рака на Иван Џолев претседателот на Основниот суд Скопје 1. Судијката Мешкова под притисок на Стаменковски го осуди екс претседателот на Кривичниот суд Панчевски за мобинг без никакви докази, а таквата пресуда пак падна на Апелација.

Сега судијката Мешкова се фали дека ќе биде унапредена во судијката во Апелациониот суд, како резултат на тоа што ќе го прогласи Панчевски за виновен по втор пат. Притисокот во моментов од страна на Стаменковски оди во насока, Панчевски повторно да биде прогласен за виновен, а како резултат на тоа Мешкова да добие унапредување.

Во овие момент Мешкова го држи предметот во својата фијока, бидејќи нејзината пресуда веќе еднаш паднала на апелација, а притисок има и од Судскиот Совет, односно Влатко Самарџиски, кој приватно бил во судот и и се заканувал на судијката дека мора да ја донесе истата одлука повторно, бидејќи така барале од неа од погоре, односно од СДСМ и Зоран Заев. Во овие моменти судењето не е ниту почнато, а Панчевски ја нема добиено ниту претходната пресуда.

Доколку ги земеме во сите овие факти во предвид ќе сфатиме дека нашето судство е во линија со само една од северните земји, а тоа е Северна Кореа. Правда веќе одамна нема, а работењето во интерес на СДСМ и Заев е единствен начин да напредуваш во правната кариера во Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This