April 26, 2024, 10:36 am

ОВА ГО НЕМА НИ ВО ЦРТАНИ ФИЛМОВИ: Бишевац тврди дека не е случаен медиумскиот cпeктакл со притвopoт на Катица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мислите дека е случајно што се случи медиумски спектакл од притвор Катица Јанева ја префрлаа во куќен притвор, запраша новинарот и аналитичар Сафет Бишевац додавајќи дека тоа се случи зошто на власта ѝ требаше нешто да се оттргне вниманието од случувањата.

Кој го нарача тоа? И ако не е Заев, некој требаше да понесе оставка. Тоа е така зошто на власта ѝ требаше нешто да се оттргне вниманието од случувањата. Тоа значи дека нешто се случува во тој случај има многу информации, а и шпекулации, рече Бишевац.

Поранешниот пратеник во гостувањето во „24 Анализа“ потенцираше и дека детски наивно е да верувате дека Катица Јанева прави се во „Рекет“, по наговор на Бојан Јовановски.

Тоа го нема во цртани филмови. Сегашната осомничена потпретседател на Собранието Фросина Ременски е доволно висок функционер ако се докаже нејзина вина да падне владата. Пример случајот во Австрија. Таму владата падна поради снимка која се покажа дека договорот од снимката и воопшто не се реализирал. Но, самото објавување беше доволно, како и вклученоста на висок функционер да се распушти владата и да се оди на избори, рече Бишевац.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This