April 27, 2024, 12:39 am

ОВА ГО ПИШУВА ВО НОНПЕЈПЕРОТ: Дури и Македонија да го реши спорот со Грција, половина од членките нема да ја поддржат Македонија за преговори со ЕУ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Брисел кружи”нон пејпер” од неколку земји, особено Франција и Холандија документ на кој пишува дека во јуни Македонија не треба да добие датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Станува збор за несогласување, дури и ако Македонија го реши спорот со името со Грција пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ.

Во споменатиот документ, се вели дека преговорите за членство на Македонија и Албанија во ЕУ треба да се одложат за пролет следната година.

Меѓу другото, дека и покрај постигнатиот напредок во создавање на позитивна атмосфера во земјата, официјално Скопје, не покажуваат јасен и значителен напредок во спроведувањето на приоритетните итни реформи.

На Македонија и се замерува за имплементација на новите судски реформи и се бара од нејзе да постигне долгорочен и континуиран напредок и промена на однесувањето.

Потребни се дополнителни напори за да се обезбеди вработување врз основа на заслуги и деполитизација на јавната администрација, и се бара поинтензивна борба против корупцијата и организираниот криминал, борба која не ги даде очекуваните резултати, и покрај воспоставената законска и институционална рамка, а корупцијата е распространета во многу области и продолжува да биде сериозен проблем, а институционалниот капацитет за ефикасно справување со корупцијата покажа структурн и оперативни недостатоци, вклучувајќи ги и политичките пречки.

“Пред следните европски избори, ние мора да размислуваме за стратешкиот план за наредниот период кој започнува во пролетта 2019 година и да се појасни што 27-те земји-членки посакуваат за иднината на ЕУ. Во овој контекст, ние веруваме дека условите за отворање на преговорите за пристап со Албанија и ПЈРМ не се исполнети “, се вели во документот.

Скептиците за добивање на датум во јуни за започнување на разговорите за пристап во ЕУ на Македонија се Франција и Холандија.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This