April 16, 2024, 10:48 pm

ОВА Е ВИСТИНАТА ЗА ИЗБИРАЧКОТО МЕСТО ВО ТЕАРЦЕ: Членовите на избирачкиот одбор сведочат дека немало никаков проблем!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одлуката која што Управниот суд ја донесе со која се укинува решението на ДИК со кое се одбија приговорите на СДСМ за избирачкото место 2011 во Теарце, е апсолутно несоодветна со реалната и вистинита ситуација, но и со досегашната судска пракса

dik_tearce

На ова избирачко место гласаат вкупно 714 гласачи, а на изборите на 11-ти декември излегле 56.58% од гласачите или 404 гласачи. Според ВМРО-ДПМНЕ се работи за обид за изборен инженеринг, односно, СДСМ има точно таргетирана група на гласачи со кои ќе се обиде на прегласувањето да ја украде изборната волја на граѓаните со прегласувањето.

Разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во ИЕ 6 е 307 гласа, кои значаат еден мандат.

Вистината пак за тоа што се случило во Теарце на избирачкото место 2011, ја кажаа членовите на избирачкиот одбор на избирачкото место, при што целата Македонска јавност можеше да сведочи за обидот за лажење од страна на претставничката на СДСМ во избирачкиот одбор Христина Трипуновска.

Сите до еден објаснија дека на избирачкото место немало проблеми, ниту пропусти, додека за спорното „ливче со кочанот“ објаснија дека било грешка.

 

11 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This