ОВА Е ВИСТИНСКИ ЕЛИКСИР: Цитрусното овошје го намалува холестеролот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Благодарение на ликопенот го намалуваат нивото на холестерол, додека присутните флавоноиди го редуцираат ризикот од настанување на тромб.
citrusi-holesterol

Цитрисното овошје е вистински еликсир на здравјето. Поради ниските енергетски вредности го намалува ризикот од дебелина, додека високата содржина на антиоксиданти го намалува ризикот од хронични болести.

Благодарение на витаминот Ц ја подобрува апсорпцијата на железо, а поради присуството на калиумот, магнезиумот и калциумот се намалува ризикот од хипертензија (висок крвен притисок).

Цитрусите (лимон, портокал, киви, грејпфрут) го намалуваат и ризикот од кардиоваскуларни заболувања, благодарение на ликопенот го намалуваат нивото на холестерол, додека присутните флавоноиди го редуцираат ризикот од настанување на тромб.

Ова овошје ја спречува и појавата на запек, хемороиди, рак на дебелото црево.

Крвавењето на непцето е еден од најчестите показатели дека на вашиот организам му недостасува витамин Ц, па би требало да консумирате што повеќе лимон во различни облици.

Истото се однесува на пушачите, како и на лицата кои пијат алкохолни пијалаци и нередовно се хранат. Пожелно е наместо кафе повремено да испијат свежо исцедена лимонада.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This