ОВА Е ИЗВИТОПЕРЕН ОБЛИК НА ТИРАНИЈА: Апасиев тврди дека власта е во паника, секојдневно граѓани му испраќаат сведоштва!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот Димитар Апасиев на својот Фејсбук профил вели дека владата на СДСМ е во паника поради извесниот неуспех на како што вели нелеганиот референдум и се користи со сила и притисоци. Апасиев вели дека секојдневно добива мејлови од граѓани кои работат во јавната администрација, против кои се водат дисциплински постапки поради нашишани Фејсбук статуси, а од него бараат правна помош. Тој истакна дека власта на Заев и СДСМ полека прераснува во тиранија, а се користи со уцени, закани за војна, заплашувања со бркање од работа.

Власта е во ПАНИКА од извесниот неуспех на нелегалниот референдум и почнува со сила. Секојдневно добивам мејлови од луѓе вработени во јавен сектор кои бараат правна помош, оти против нив се покренати дисциплински постапки за напишани fb статуси!?
Ова е доказ дека Новиот режим, полека но сигурно, го надминува Стариот и се трансформира во извитоперен облик на ТИРАНИЈА. Уцени, закани за војна, заплашувања за бркање од работа, пресензитивност на критика – не се одлика на една демократска власт.
Или, како што вика Де Монтењ: „Секој [властодржец] што им се противи на законите, ги заплашува чесните луѓе со камшик и ортома“.
p.s. Ако мислите дека ќе го уплашите освестениот народ, ондак „сте нашле црква за крстење“. (wink) Само повеќе иритирате и нè инспирирате во Борбата. За само година дена, станавте бетер од оние против кои се боревме! А тоа скапо ќе го платите.
#НемаПравдаНемаМир
#ЦрвенаРеволуција
#НеВиСеПлашиме
#НеВиПоминува
#Бојкотирам, напиша Апасиев на својото Фејсбук профил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This