Ова е најубавата навика која треба да ја примените за своето здравје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Луѓето ги користат природните состојки веќе долго време, а во последно време се повеќе сме свесни дека здравиот начин на исхрана има огромна позитивна моќ на нашето здравје. Мешавината од цимет и мед е една од најмоќните, а нивното секојдневно конзумирање носи многу бенефити за нашето здравје.

Го забавува стареењето

Слободните радикали агресивно ги оксидираат ткивата и ги уништуваат клетките, тоа може да доведе до многу болести и брзо стареење. Антиоксидантите кои ги содржи оваа комбинација ги уништуваат слободните радикали и го забавуваат стареењто.

Медот содржи феноли, ензими и флавоноиди кои се силни антиоксиданти. Истражувањата покажуваат дека особено темниот мед е богат извор на овие состојки. Циметот пак содржи полифеноли кои се исто така силни антиоксиданти.

Ја подобрува работата на срцето

Медот и циметот помагаат во превенција на кардиоваскуларните болести, кои се најчеста причина за смрт во светот.

Медот го подобрува крвотокот. Исто така содржи антиоксиданти кои го спречуваат создавањето на крвните згрутчувања кои доведуваат до срцев и мозочен удар. Циметот пак го уништува лошиот холестерол и го зголемува нивото на добриот холестерол.

Помага против бактериските инфекции

И медот и циметот имаат антибактериско делување, така што може да се користи оваа комбинација и кога сте настинати, но и за инфекција на бубрезите и мочниот меур.

Медот е природен антибиотик. Тој содржи протеин дефенсин 1 кој ги уништува бактериите. Циметот има антибактериски, противвоспалителни и антифунгални лековити својства.

Го намалува шеќерот во крвта

Високото ниво на шеќер во крвта може да предизвика многу болести,а дијабетесот е една од нив. медот и циметот го намалуваат нивото на шеќер во крвта.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This