ОВА Е НОВИОТ АМБАСАДОР НА МАКЕДОНИЈА ВО САД?: По нeycпешната градоначланичка кариера Теута Арифи станува дипломат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Речиси две недели траат интензивни преговори во владината коалиција за тоа кој ќе ги пополнини празните места во македонските амбасади низ светот. Дури 25 амбасади немаат прв човек, вклучувајќи ги и Вашингтон, Пекинг, Обединетите нации, Рим, Белград, Атина, а главната борба се води за тоа кој ќе го добие амбасадорското место во Вашингтон, пишува Магазин.мк.

Во разговорите меѓу Ахмети и Заев, албанскиот коалиционен партнер инсистирал на тоа место да биде испратен кадар на ДУИ. Но, и министерот Димитров имал интерес за свој човек во главниот град на САД.

Како што пишува магазин, најголеми шанси за таа позиција има градоначланичката на Тетово, Теута Арифи, која е фаворит на ДУИ, а во најтесна конкуренција се и професорот Љубомир Фрчкоски, по предлог на претседателот Стево Пендаровски и дипломатот Паскал Стојчевски, како предлог на министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Другите договорени позиции се Рим и Обединетите нации. За амбасадор во Рим ќе биде упатен Рами Реџепи, дипломат од МНР, близок до ДУИ, кој порано беше амбасадор во Сараево. За шеф на амбасадата при Обединетите нации во Њу Јорк договорено е да замине Емил Кирјаз, кадар на ЛДП, поранешен државен секретар во МНР во времето на Илинка Митрева. Кирјаз би бил и првиот македонски амбасадор кој е активен поддржувач на ЛГБТ заедницата во Македонија, како и на ниво меѓународната асоцијација на либерали.

За амбасадор во Тирана ќе биде предложен Данчо Марковски од НСДП, кој беше амбасадор во Загреб во времето на Груевски.

За амбасадата во Хаг, доколку Димитров не успее да го протне во Вашингтон, ќе биде предложен неговиот шеф на кабинет Паскал Стојчевски, кој во времето на Груевски беше амбасадор во Прага.

Се слуша дека Претседателот Пендаровски не бил согласен амбасадорот Паскал Стојчевски да оди во Вашингтон, токму заради неговите фамилијарни конекции со семејството на Орце Камчев.

Исто и за Пекинг има спор меѓу Димитров и Пендаровски околу предлогот на министерот таму да ја испрати Елизабета Георгиева од МНР, но претседателот утврдил нејзин конфликт на интереси поради сопругот кој е висок дипломат на друга држава исто така во Пекинг. За тоа кој ќе биде амбасадор во Кина се очекува да пресече Заев, кој има свој адут од стопанската фела за тоа место. За амбасадор во Стразбург при Советот на Европа има двајца сериозни кандидати од МНР, дипломатите Светлана Гелева и Сашко Тодоровски, првата поблиска со министерот Димитров, додека Тодоровски е поблизок со Виктор Димовски, поранешниот државен секретар на МНР.

За испразнетото место државен секретар во МНР се спо енува името на Васко Грков, поранешен генерален конзул во Минхен, а политички близок до кавадаречкиот пратеник Панчо Минов, кој делува како независен.
За празното амбасадорско столче во НАТО, најсериозен кандидат е Катерина Ставревска, шеф на кабинет на министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и активен член на ОО на СДСМ во Центар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This