ОВА Е ПЕРВЕРЗИЈА И НЕМА ВРСКА СО ФЕР ИЗБОРИ: СДС делат бонови во вредност од 500 денари за пазарење во Пробиштип – ОБСЕ не смее да писне!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На најдрзок начин продолжува поткупот на граѓаните од страна на СДС, овој пат во Пробиштип, каде од локалната канцеларија на партијата делат бонови во вредност од 500 денари за пазарење во една од локалните продавници – информираат од ВМРО-ДПМНЕ во Пробиштип

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″] СДС Пробиштип, согледувајќи дека имаат несоодветен кандидат за градоначалник, свесни за поразот кој ги чека во недела,се обидува на најнизок и најмизерен начин да купат некој глас повеќе, сакаме да ги запрашаме:
Зарем до толку ги потценивте Пробиштипјани?
Ќе имаат ли подобар живот со бон од 500 денари или со една платена сметка во продавница?
Ќе имаат ли подобар живот ако еднократно им донесете неколку кубни метри дрва за огрев во ноќните часови или им дадете еден акумулатор -(Италијански )
Кој си зема за право да ги поткупува и уценува граѓаните?
Каде е сега полицијата за да провери кој ги прави овие работи и кој ги дели овие бонови?
Која е фирмата чиј печат стои на боновите и зошто?
Доста беше поткупот на граѓаните!
Не можете со 500 денари, со неколку кубни метри дрва за огрев или еден акумулатор да ги убедите дека треба во наредните 4 години Пробиштип да се врати години и години наназад!
Граѓаните на Пробиштип се пред сѐ достоинствени луѓе кои секогаш знаеле правилно да оценат, да дадат поддршка на она што е добро за нив и нивните поколенија. Тие нема да потклекнат на притисоците, уцените и заканите,напротив ги повикуваме и охрабруваме, на 29-ти Октомври да го казнат ваквото потценување од страна на СДС Пробиштип,да дадат поддршка на нашиот кандидат, Тони Тоневски за кој сме убедени дека ќе извојува уште поубедлива победа од првиот круг на гласање. – велат од ВМРО-ДПМНЕ во Пробиштип[/kopa_block_quote]

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This