ОВА Е ПОНИЖУВАЊЕ И ГРАБЕЖ: Цените на познатите марки производи со низок квалитет кај нас, а со иста цена како во западно-европскиот пазар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На оваа тема е пишувано многу, со неа се занимавале и светските и домашните весници, но вниманието на јавноста не направи никаков исчекор за да се промени нешто. Иако нагласуваат дека составот на производите е ист, како што е и наведено на декларациите, производителите, сепак, признаваат дека квалитетот на западните и на источните производи не е ист, но во контекст на тоа образложуваат дека не се никако обврзани да пласираат производи со ист квалитет на сите пазари. Тврдењата на производителите ги поткрепува и ставот на европските експерти, кои велат дека производителите немаат никаква обврска да продаваат стоки со ист квалитет во сите држави на ЕУ. Ниту жителите на источноевропските земји не се подготвени да плаќаат повеќе за определени марки, па затоа се задоволуваат со понизок квалитет. Така велат експертите, но на пазарот состојбата е инаква – освен што користат и консумираат поквалитетни производи, западноевропските потрошувачи почесто плаќаат помалку за квалитетот што го добиваат. Така, паѓа во вода тезата дека источноевропскиот пазар добива производи со понизок квалитет поради пониската куповна моќ на потрошувачите.

Хрватскиот Јутарњи лист пренесува едно големо истражување направено на хрватскиот пазар со споредба на производи наменети за западноевропскиот и за источноевропскиот пазар. Во истражувањето е вршена споредба на декларациите, пакувањата и производите во примена. Се покажало дека во нашите продавници, генерално, стоката е со послаб квалитет и со послаб квалитет на амбалажата и со помалку врвни состојки во составот.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This