ОВА Е САМО ПОЧЕТОК: Добродојдовте во Макдонија – Mirë se vini në Maqedoni!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Законот за двојазичност со кој албанскиот и македонскиот јазик се изедначуваат не може да биде спречен од претседателот на Македонија, иако ова е вовед во таканаречена тврда фаза на федерализација на Македонија. Новото име за државата ќе биде одбрано можеби и до почетокот на февруари, а повикот во НАТО на лето

© AP Photo/ Boris Grdanoski

Маекедонскиот парламент завчера го усвои законот за двојазичност, со што албанскиот јазик, кој досега беше рамноправен со македонскиот само во средини каде што Албанците се мнозинство, стана рамноправен на целата територија на државата.

Со ова е исполнето и првото барање на Албанците изнесено во т.н. „тиранска платформа“ која беше услов за формирање на владата која ја води Зоран Заев лидерот на СДС. За законот гласаа 69, од 120 пратеници, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа бидејќи ја бојкотираат работата на Собранието. Законот би требало да „заживее“ во јуни оваа година, а неговата примена граѓаните на Мкаедонија ќе ги чини нешто повеќе од два милиони евра.

Албанскиот, заедно со македонскиот јазик, рамноправно ќе се користат во Собранието, што значи дека претседателот на законодавниот дом Талат Џафери, кој е Албанец по националност, ќе добие законоско право седниците да ги води на мајчиниот јазик.

Двојазично ќе функционира и владата на Р.Македонија, во писмена и усмена комуникација, а Албанскиот јазик ќе стане службен и во сите органи на државната власт, централните институции, јавните претпријатија, агенциите и дирекциите. Паралелно со македонскиот, албанскиот ќе се користи и во Управата за јавни приходи, Фондот за здравствено осигурување и Антикоруциската комисија, но и во здравствените установи, затворите и другите институции, каде ќе бидат именувани преведувачи. Надзорот за спроведување на законот ќе го спроведува Инспекторат, а ќе го спроведува Агенција за примена на јазикот, кој ќе дава и услуги на институциите.

И додека дел од Албанците сметаат дека ова е само исполнување на Охридскиот рамковен договор од 2001. година, албанската опозиција на чело со „Беса“, иако го поддржа изгласувањето на овој закон во парламентот, сепак смета дека овој потег не значи изедначување на македонскиот и албанскиот јазик.

Фадил Зендели, претставник од оваа партија рече дека со овој Закон албанскиот јазик не се унапредува во службен јазк, туку дека се регулира неговата употреба во државните институции. Од друга страна, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ предупредуваат дека со овој закон се крши Уставот, но и дека со него само се продлабочуваат разликите меѓу граѓаните, и дека ќе биде на штета на хомогеноста на македонското општество.

Со обзир дека претседателот на Македонија уште претходно најави дека нема да го потпише овој закон, останува дилемата дали истиот воопшто може да се спроведе.

Бранко Ѓорѓевски, политолог од Скопје, вели дека претседателот на Македонија не може на било кој начин да го спречи законот да стапи на сила.

„Претседателот сигурно нема да го потпише законот, но по нашиот Устав, тој може да го врати законот во парламентот само еднаш, односно да одбие да го потпише, но ако законот повторно добие мнозинств во парламентот, тој мора да стави потпис на истиот без разлика што мисли за истиот“, објаснува Ѓорѓевски за Спутник.

Многумина овој закон го оценуваат како вовед во федерализција на Македонија, односно отцепување на две федерални единици – албанска и македонска. Ѓорѓевски сепак на ова не гледа така црно, но признава дека ова е малку потврда форма на федерализција на Македонија во корист на Албанците во однос на Охридскиот рамковен договор. Меѓутоа, не мисли дека ќе дојде до потполна федерализација.

Она што Ѓорѓевски во моментот повеќе го загрижува е дека Македонија каква што ја знаеме може да ја снема до крајот на годината.

„Повеќе од сигурно е дека Македонија оваа година ќе добие покана да се приклучи на НАТО. Тоа значи дека ќе се реши проблемот со името Македонија кој од 2006, кога Македонија од страна на Грција беше блокирана поради името. Проблемот е што никој од граѓаните на Македонија не зна како ќе се нарекуваме и дали ќе имаме обврска да го промениме и називот на државата и за внатрешна употреба“, вели Ѓорѓевски за Спутник.

Конфузија околу промена на името Македонија следеше пред самото гласање на законот каде албанските медиуми објавија дека Скопје и Атина конечно се договорија околу името бивша југословенска република и дека тоа е биде „Република Нова Македонија. Оваа изјава ја демантираа грчките претставници, со напомена дека идното име на Мкаедонија не може да биде без географска одредница.

20 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This