ОВА Е ФИЈАСКО: Македонија не доби безусловна покана за НАТО, ова е фијаско на Владата на Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија не доби ниту безусловна покана за НАТО, ниту датум за почеток на преговори со Европската Унија, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Вели дека Македонија со СДСМ доживува вистинско дипломатско фијаско.

-Македонската дипломатија крахираше и за тоа мора да се понесе одговорност. Како што нема резултати во ниеден реален сектор во животот, нема во економијата, здравството, образованието, нема ниту еден напредок во земјоделието, така нема резултати ниту во интегративните процеси. Зоран Заев и неговата влада само нижат порази, нема ниту една победа. Денеска Македонија не доби аплаузи, денеска Македонија доби шамари. Токму затоа, како прв чекор на власта е оставка на Никола Димитров кој што заедно со Зоран Заев ја донесоа државата во ќорсокак, истакна Стоилковски.

Вели дека условите за членство во НАТО, Република Македонија ги има исполнето уште во 2008 година, а за тоа потврдуваат сите последователни извештаи.

– Тоа што сега го направи Заев што ја донесе државата во ситуација да биде заложник на еден исклучително штетен договор кој во својата основа е капитулантско дело. Македонија не станува членка на НАТО, Македонија нема датум за почеток на преговори со Европската Унија. Зоран Заев, Никола Димитров и Радмила Шекеринска остварија уште еден тежок пораз за Македонија, потенцира Стоилковски.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This