April 20, 2024, 10:04 am

ОВА Е ЧОВЕКОТ!: Екс-претседателот на Кривичен го посочи човекот од амбасадата на САД кој вршел притисоци врз судиите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Ова е човекот!“ – напиша екс-претседателот на скопскиот кривичен суд Владимир Панчевски на својот ФБ профил, коментирајќи ја претходната сторија на Инфомакс.мк за еден од најактивните оперативци на амбсадаа на САД во Македонија, Дејвид Стивенсон

Панчевски прашува каде ќе се кријат луѓето како Кристина Каранакова, за која своевремено пишуваше и Инфомакс, а во врска со притисоците која таа ги вршеше врз судиите во скопските судови, барајќи од нив да распишат одлуки за притвор за дел од обвиниетите во политички монтираните случаи против функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Панчевски додава и дека овие луѓе, меѓу кои и советникот на амбасадорот Митко Бурчевски се луѓето кои му нанеле најголема штета на Македонското судство, поради што администрацијата на претседателтот на САД Трамп ќе има голема работа во констатирање на нивната одговорност при вмешувањето во внатрешните работи во Македонија.

Ова е човекот! / This is the man!

Цело време последниве три години се прашувам што бараше “ПОЛИТИЧКО АТАШЕ” во “СУДСКИТЕ РЕФОРМИ” и “СЈО”, прашањево е реторичко, одговорот го знам многу добро!
Се прашувам кога бродот ќе потоне каде ќе се скријат Каранакова, Бурчевски, Јаничевски и многу други знајни советници…. и вакви обични како Дејвид кои му нанесоа длабоки штети на Македонското судство!

Администрацијата на Трамп и Американската дипломатија која е во најава треба сериозно да ја преиспита работата на претходните изминативе години и да се огради од се што овие нелуѓе и направија на Македонската држава и право. – пишува Панчевски.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This