ОВА Е ЧОВЕКОТ КОЈ ГИ ДОНЕЛ СИПАНИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Ибрахим Хоти, невакциниран отишол на аџилак во Саудиска Арабија и ја заразил цела Југославија кога се вратил!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како сипаниците стигнале во Македонија и поранешна Југославија – ја донел Ибрахим Хоти, враќајќи се од аџилак… Претходно примил вакцина во Скопје, но, таа била нестручно ставена… – пренесува „Република.мк“

Фејсбук сатусот кој ја рскажува приказната за Хоти ви го пренесуваме во целост:

Мангупов е Ибрахим Хоти, по враќање на Косово од аџилак, март 1972, носи со себе фрула за спомен, купена на пазар во Саудиска Арабија, така заразувајќи се со Variola Vera, вирус на големи сипаници. Шетајќи по локални кафани каде го раскажувал своето патешествие, неретко и фрулата ја покажувал, ја предизвикува последната епидемија на оваа болест во светот!

Резултат, 184 заразени, 40 мртви.
Комунистичките власти, исплашени дека е возможно да се работи за биолошки напад, спроведуваат итна, агресивна вакцинација, 1.8 милиони вакцинирани за 10 дена!
18 милиони вакцинирани во наредните месеци,на тогашна популација од 22 милиони. Без пардон!
На 1 Мај 1972 епидемијата е прогласена за завршена.Во 1980 година е прогласена ерадикација на Вариола вера на светско ниво.
Југославија претрпела штета од 4-6 милијарди долари. Хоти преживува.

https://www.facebook.com/610205152488470/videos/953623454813303/

Инаку, вирусот Вариола е бр. 1 биолошко оружје во моментов, се чуваат примероци во CDC-Америка и Вектор-Русија, а заради страв, генерално од биотероризам, СЗО чува резерви на вакцини од околу 33.5 милиони примероци, дисперзирани.

И, не сме живи ако Македонче не е вмешано во случајот, пред да тргне на аџилак, Ибрахим Хоти е лошо вакциниран на Инфективна Клиника во Скопје, т.е самиот Хоти ја саботирал вакцинацијата, добил совет од локален ” пријател” за да има полесни поствакцинални нусефекти, местото да вакцинација да го пребрише со алкохол, што и направил.
Сепак се стекнал сертификат дека е вакциниран, неопходен за патувањето, па од тука со Транскоп Битола автобус иде на аџилак, иако во тој момент забрането со автобус да се патува на таа дестинација, дозволено било само патување, контролирано, со авион, за што во Битола биле ”доцна информирани”.

Во автобусот го заразува следниот пациент, кој пак, заразува нови 38 и тако то даље…
Со оглед на времето на дејствие, општествено, верувам дека реалните бројки биле далеку поголеми

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This