ОВА ЛИ Е ПPAВДА?: За cкpшен прозорец во Центар им се cyди на граѓани, а за дивeeњето во МНТ само ќе се надомести штeтaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавноста со денови е згрозена од одлуката на властите да не преземе ништо во врска со дивеењето во Македонскиот народен театар во петокот вечерта кога навивачката група „Шверцери“ прославуваше 30 годишнина од своето постоење.

Имено како што денеска премиерот Заев потврди навивачката група на фудбалскиот клуб Шкупи направила штета од речиси 4 илјади евра во театарот каде наместо културни настани се случуваше буквално хулиганство.

Штетата според записникот била направена врз столчињата, бордурите, подните светилки и теписоните поради отпушоци во овој грандиозен објект.

Власта дека не мрднува со прст во врска со сносување на одговорноста и барање на причинителите на оваа штета е фактот што безбедносните власти кои иако ги имаат снимките и видео материјалите наместо многу лесно да ги идентификуваат и казнат сторителите кои го прекршуваат законот, тие ја заташкуваат темата надевајќи се дека јавноста набрзо ќе заборави.

Од друга страна пак како пример за „Насилството во Центар“ за скршен прозорец судот со години малтретира обвинети луѓе, а дел од нив дури и имаат здравствени проблеми, пишува Курир.

Па така неодамна на едно од рочиштата за случајот на обвинетиот Даниел Трипуновски кој има дијагноза со висок притисок, шеќер во крвта, проблем со бубрезите и прима терапија за анкциозност му се слоши и започна да повраќа во судот, додека истиот не го одложи или паузираше рочиштето.

Иако лекарите констатираа дека Даниел Трипуновски е видно вознемирен и добил инјекција за смирување, тие оставија судот да оцени дали ќе продолжи со судењето.

Судијата Душан Јосифовски не го прекина рочиштето иако повеќе од обвинетите побарале пауза.

Инаку на тогашното рочиште за предметот „Насилство во Центар“ одбраната го испитуваше и вештакот Мирослав Котевски, доктор по технички науки. Тој истакна дека снимката доставена до судот како доказ од страна на СЈО, согласно со записот од системот кога бил создаден разговорот меѓу, како што наведува СЈО поранешниот премиер Никола Груевски и тогашниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, бил остварен на 1 јуни 2013 година, но потоа бил модификуван на 14 август истата година во 12 часот.

На прашање на одбраната што значи модификуван, Котевски истакна дека можело да биде скратен, копиран, променет. Исто така, истакна дека постојат многу едноставни алатки достапни на пазарот кои овозможуваат модификација на снимките.

Ова е само уште еден доказ за двојните аршини кои владеат во земјава предводени од власта на СДСМ.

Инаку во одбрана на „Шверцерите“ денеска се впушти и Ахмети кој вели дека не видел вандализам во МНТ, а претходно истото го направи и Артан Груби и изјави дека ќе слават каде што сакаат.

Првиот човек на ДУИ Али Ахмети смета дека прославата на навивачката група Шверцери во МНТ бил настан за одбележување на годишнина, а не вандализам.

Како што истакна тој, не видел ништо спорно во прославата на навивачката група во тој објект.

Сепак, по прославата, телевизиските камери снимија нешто сосема друго – уништен инвентар, како резултат на дивеење на навивачи.

Груби: Ќе славиме каде што сакаме

МНТ е граден е со наши пари, со парите на граѓаните, а не со парите на ВМРО, ниту на фелата, и им припаѓа на граганите, вели за „Фокус“, Артан Груби, после дивеењето на навивачката група „шверцери“ во МНТ.

-Театарот му припаѓа на народот, не е вмровски, сдсмовски, па ниту ни на фелата, граден е со наши пари, со парите на граѓаните, а не со парите на ВМРО, ниту на фелата, и им припаѓа на граѓаните. 20-годишнината беше одбележена во албанскиот театар пред 10 години со прикажување на документарец, исто како и 30-годишнината во МНТ каде што присуствуваа фудбалски ветерани, тренери, Албанци, Македонци и други, на кои им беа доделени благодарници од страна на организаторите, спонзори, градоначалници… Секоја чест за професионалноста на вработените во театарот каде што се одржуваат безброј различни настани – вели Груби.

Во врска со овој вандалски чин реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ.

Зошто во овие пет дена никој не е приведен, ниту пријавен во врска со дивеењето на навивачката група „Шверцери“ во МНТ, запраша Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција.

Како што рече тој, МВР ги има снимките од дивеењето во театарот и го знае и идентитетот на хулиганите, но сè уште нема вистинска реакција.

„Каде е одговорноста на Оливер Спасовски? Кој им даде наредба на специјалците да ги пуштат вандалите да си одат дома? Зоран Заев да не си поигрува со граѓаните и нивната интелигенција. Наместо да чека извештаи, кои, еве, петти ден по настанот, сè уште ги нема, да понесе одговорност за вандалскиот чин на настанот на ‘шверцерите’ за кој знаел“, порача претставникот на опозициската партија и побара од премиерот и министерот за внатрешни работи да одговорат кој досега ги крие тие што дивеле во МНТ.

Како што наведе Ѓорѓиевски, уште во петокот вечерта одговорните можеле да дадат команда специјалните единици во близина на театарот да направат обрач и да ги приведат сите инволвирани во настанот.

„Самиот факт што немаше акција на специјалците од МВР и што настанот се криеше од јавноста три дена кажува дека власта сакала свесно да го скрие овој вандализам. Исто како што ги крие и тие што го одобрија ова вандалско дело“, порача тој и побара директна одговорност од директорот на МНТ, па до Спасовски и Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This