ОВА ЛИ Е ТОА „НА ПРАВ ПАТ“: Во Македонија има дури 246.718 невработени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според податоците од Државниот завод за статистика, во Македонија има 168.018 невработени, според податоците на Агенцијата за вработување – 188.506 невработени, но за здравствено осигурување се пријавиле 246.718 невработени граѓани, пренесува Слободен Печат.

Бројот на невработени што се здравствено осигурени е многу поголем од невработените регистрирани во Агенцијата за вработување (АВРМ), или од процените што ги прави Државниот завод за статистика преку Анкетата за работна сила, а кои се земаат предвид при официјалната пресметка на стапката на невработеност.

Според податоците од Државниот завод за статистика, во Македонија има 168.018 невработени, според податоците на Агенцијата за вработување – 188.506 невработени, но во Македонија реално има 246.718 невработени! Толку граѓани, како невработени, се пријавени во Фондот за здравствено осигурување за да користат здравствено осигурување.

– Невработените лица остваруваат право на здравствена заштита по член 5 став 1 точка 15 од Законот за здравствено осигурување и нивниот број во моментов е 246.718 – одговорија за „Слободен печат“ од Фондот за здравство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This