Ова младо момче е син на милионер, а мора да штеди за стан: Татко му нема да му остави 400 милиони долари, но за тоа има добра причина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Алекс Шин, наследникот на најголемата агенција за недвижнини во Хонг Конг не поседува ни куќа. И не само тоа, нема да наследи богатство од 400 милиони долари, затоа што неговиот татко, милионерот Винг Чинг Шин (70), одлучил сите негови пари да ги даде во добротворни цели.

Сепак, младиот Шин вели дека тоа не го мачи, бидејќи татко им одамна му кажал дека од “големите“ пари нема да видат ништо. Шин има три возрасни деца, но тврди дека нив нема да им остави ни денар. Овој деловен човек, се стекнал со богатство во 1978-та година, кога ја основал агенцијата за недвижности „Centaline“. Уште пред десет години се вклучил во работата со хуманитарните здруженија, на кои им донира поголем дел од своите пари. Неговото семејство живее скромно и целосно го поддржуваат во неговите одлуки.

„Ни ја соопшти таа одлука додека бевме многу мали. Немавме избор, освен да ги прифатиме неговите желби. Ни објасни дека не е добро да живееме преопуштен живот, а така повеќе ќе ги цениме парите кои ги заработуваме“ – рече Алекс (30). Алекс работи кај неговиот татко, а кога Винг ќе го отстапи местото на директор, синот ќе ја наследи неговата позиција.

„Моите пријатели моментално заработуваат повеќе од мене“, објасни тој. Најмладиот син на Винг, на страна од богатството на татко му, има ист проблем како и поголемиот дел од младите, штеди за стан за да се оддели од неговите родители.

„Нашиот живот отсекогаш беше скромен. Знам дека пребогатите деца од Лондон и Њујорк тоа не можат да го сфатат“ – вели Алекс.

Иако фирмата “врти“ милиони долари дневно, Алекс има “обична“ плата. Ших одлучил заработените пари да ги искористи за искоренување на сиромаштијата во руралните делови од Кина, од изградба на инфраструктура до помош на сиромашните деца во образованието.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This