ОВА МОЖЕ САМО КАЈ НАС: Жените плаќаат за бесплатните прегледи кај матичните гинеколози

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од 200 до 2.000 денари плаќаат жените за прегледи кај матични, избрани гинеколози и покрај тоа што, законски, тие треба да бидат бесплатни.

Цената зависи од тоа колку и какви прегледи се направени и кај кој лекар оди пациентката. Наплатуваат најголем дел од овие специјалисти, а пари им земаат и на бремените, иако тие се ослободени и од партиципацијата во сите нивоа на здравствениот систем. Така, жените непотребно плаќаат, а овие лекари земаат пари кои ниту се евидентираат ниту се оданочуваат, а државата досега само советува не наоѓајќи целосно решение на овој долгогодишен проблем.

Проблемот со незаконското плаќање кај матичните гинеколози има повеќе страни. Жените во многу места тешко наоѓаaт матичен гинеколог зашто има недостиг од овој кадар, па кога ќе го изберат, често премолчуваат за плаќањето. Од друга страна, многу не знаат што им следува бесплатно.
Гинеколозите, пак, велат дека државата го потценува нивниот труд, имаат големи трошоци, и со тоа колку им плаќа за да ги водат пациентките, не може да заработат за нормално да функционираат. Преку здружение неодамна предложија решение на проблемот и до новото раководство на Фондот за здравство, но засега немаат одговор. За да го реши, оваа институција треба да обезбеди плус пари.

Проблемот со плаќањето постои во услови кога здравствените власти и лекарите апелираат жените навреме да одат на гинеколог и за да се спречат несакани болести и за да одржуваат здрава бременост. Тоа, освен здравје, може да значи живот за пациентката, но и за бебето што треба да се роди.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This