March 29, 2024, 12:20 am

Ова научниците го чекале 60 години: Погледнете ја импресивната фотографија од Сонцето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како резултат на тој прелет добиена е првата фотографија од таа средба, која научниците ја споделиле со светот во текот на средбата со Американската заедница на геофизичари.

Фотографијата прикажува струење на короната, која се состои од соларен материјал внатре во неа и се појавува во подрачјата со зголемена соларна активност.

Струењето, на почетокот, било видливо на источниот дел од Сонцето, па видливи се барем два зрака. Во позадината може да се види и Јупитер – светлата точка блиску до средината на фотографијата.

“Хелиофизичарите овој момент го чекаат веќе 60 години”, рекол шефот на Одделението за хелиофизика на НАСА, Никола Фокс, додавајќи: “Мистеријата на Сонцето која сакаме да ја разоткриеме се наоѓа внатре во самата корона!”.

“Сондата Паркер ќе достави мерења неопходни за разбирање на бројни Сончеви феномени”, истакнува научникот Нур Рауфи, член на тимот кој работи на проектот на соларната сонда “Паркер”.

“За да можеме да донесеме било какви заклучоци, потребен ни е примерок од соларната корона и младиот соларен ветер. Соларната сонда “Паркер” ќе ни помогне околу тоа”, истакнал тој.

Резултатите од првото мерење се пратени на Земјата на 7-ми декември. Другиот прелет е предвиден за април 2019-та, а мисијата на сондата ќе трае се до 2025-та година.
Извор:tocka.com.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This