ОВА НЕ БЕШЕ НАЈДОБРАТА ПРЕТСТАВА НА КРИСТИЈАН ЕРИКСЕН: Јас ги знам причините, не сум идиот, изјавил Мурињо

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо ја коментираше ситуацијата околу Кристијан Ериксен, кој е поврзан со трансфер во Интер. Договорот на Данецот истекува во текот на летото и тој е слободен да преговара со други клубови. Според голем број на информации, фудбалерот веќе се разбрал со „нероазурите“ и единствено прашање е дали тој ќе замине во Милано во текот на летото или двата клуба ќе се разберат за негов трансфер во јануари.

 

 

 

Мурињо рече дека разбрал зошто Ериксен бил критикуван од навивачите на Тотенхем за неговата игра. Дел од приврзаниците му испратија на фудбалерот свирежи кога беше заменет за време на натпреварот против Ливерпул во саботата. Менаџерот коментира дека се согласил со проценката на навивачите, но додаде дека имал симпатии кон играчот и околностите околу него.

-Дали ова беше најдобрата претстава на Кристијан Ериксен? Да бидам искрен, ќе кажам не. Јас ги знам причините, не сум идиот. Играч во таква ситуација дури да сака, а јас не го критикувам, нормално е да не настапи на најдобар можен начин. Сепак, тој ни помага во натпреварите што ги играме, вели Мурињо.

Менторот објави дека Ериксон ќе игра за Тотенхем утре, кога лондонскиот тим ќе се соочи со Мидлзборо во третото коло од ФА Купот. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This