April 19, 2024, 10:14 am

ОВА НЕ ГО ФРЛАЈТЕ ВО ЃУБРЕ: Лек за тироидеа, срце, гастритис, крв и коски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Калциумот има бројни важни функции во работата на организмот. Освен што создава коскена маса и спречува остеопороза, калциумот ја нормализира работата на нервите и мускулите, ја регулира работата на срцето, оневозможува згрутчување на крвта и поттикнува добар сон. Исто така, добар е за работата на имунолошките клетки како и за здрава кожа и коса.

Бројни се факторите кои го црпат калциумот од организмот, а најмногу: физичка неактивност, кафе, алкохол и газирани пијалаци. На недостиг од калциум најмногу се склони бремените жени и жените во менопауза, повозрасните мажи како и лицата кои патат од дигестивни пореметувања.​

Лушпата од јајце содржи 90% калциум и претставува најдобар извор на овој минерал. Телото лесно го апсорбира бидејќи лушпата од јајце според хемискиот состав е идентична со човечките коски и забите.​

Затоа не ги фрлајте лушпите од јајца!

Во поголеми дози не само што ги лекува симптомите од дефицит на калциум туку и го спречува развојот на остеопороза, помага при висок холестерол и повишен крвен притисок, а исто така ја поттикнува коскената срцевина да произведува крвни клетки.

Покрај тоа, лушпата на јајцето содржи железо, бакар, манган, цинк, флуор, фосфор, хром и молибден. Поради тоа, многу експерти ја проучуваат употребата на мелени лушпи од јајце како природно и многу делотворно надополнување со калциум. Во зависност од возраста, препорачаната дневна доза е 1,5 до 3 грама мелена лушпа од јајце.

Лек за штитна жлезда

Лушпи од осум јајца добро измиени, се сушат, мелат во прав или ситно се дробат, па се преливаат со сок од два лимона. Се остава во фрижидер неколку дена додека лушпите да се стопат.

Се процедува а течноста се меша со еден литар ракија и килограм мед.

Се остава да отстои една седмица, пред употреба.

Употреба: по една супена лажица, 2-4 пати дневно после јадење.

Лек за гастритис, чир

Една лажица мелени лушпи од јајца се мешаат со една лажица мелено мускантно оревче. Сето тоа се меша со две лажици лимонов сок. Се остава во фрижидер неколку дена додека лушпите целосно да се стопат. Потоа се додава 100 мл топло млеко.

Употреба: двапати дневно, наутро, на празен желудник и навечер пред спиење, по една супена лажица.

За јакнење на организмот и чистење на крвта

Лушпи од 4-5 јајца добро измиени, се дробат и се ставаат во 3 литри вода. Се чува во фрижидер една седмица и се користи како вода за пиење.

Употреба: 2-3 чаши од водата со малку лимонов сок.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This