April 25, 2024, 12:20 am

ОВА ОВОШЈЕ ЌЕ ГО НАЈДЕТЕ САМО ВО ТИБЕТ: Црнотo јаболко има вкус посладок од мед и сочност неспоредлива со било кое друго јаболко

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

“Црнотo јаболко” е ретко јаболко со црна боја, со вкус посладок од мед, и сочност неспоредлива со било кое друго јаболко. Нивната ексклузивност значи дека може да чини до 7 долари по јаболко што ќе го најдете само во Тибет.

Црните јаболки се сорта од јаболката Хуа Ниу. Потекнуваат од Нов Зеланд, а подоцна се засадени во Nyingchi, Тибет.

Во 2011 година, создаден е и овоштарник од околу 50 хектари во кој во наредните три години, напорно е работено за да се добие потребниот резултат – квалитетно црно јаболко. На крајот црните јаболка влегуваат на пазарот и се продаваат околу два месеца.

Но, само 30% од зрелите црни јаболки ќе достигнат строг стандард на усогласеност со боите, бидејќи сепак црната боја има нијанси на виолетова. Оттука, вкупното производство на црни јаболка е исклучително ниско.

Поради својата ексклузивност и висока цена, јаболкото не се продава така како што се очекуваше, па овоштарите затоа претпочитаат да растат други плодови кои имаат поголема побарувачка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This