ОВА ПРЕМИНУВА ВО ЛУДИЛ О: Маша од цртаниот филм всушност е Путин?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лондонски критичари го обв инуваат рускиот анимиран серијал „Маша и Медо“ дека се занимава со „кремљска пропаганда“ и дека е инструмент за „мека моќ“ на Русија, пренесува лондонски Times.

„Маша има тврдоглав, непријатен карактер и притоа е многу одлучна. Таа премногу нешта ги презема на свој грб. Нема да биде преувеличување ако кажеме дека се однесува путин овски“, вели професор Ентони Глис од Бакингемскиот универзитет.

Што се однесува на Медо, авторот потсетува на ставот од предавачот на Талинскиот универзитет, Пријит Хибемјаги, кој изјави дека тоа е лик задолжен „да го промени ликот на Русија во свеста на децата од негативен во позитивен“. Во тоа Хибемја ги гледа зак ана за национ алната безб едност на Естонија.

Бројот на следбеници на „Маша и Медо“ на англиски јазик на YouTube каналот во овој момент е поголем од 4 милиони. Вкупниот број на прегледи на овој популарен цртан филм надминува бројка од 40 милијарди.

„Коментарирањето на тврдењата и изјавите на западните критичари за политичката пропаганда во „Маша и Медо“ може да биде проследено само со иронија“, вели Дмитриј Ловејко, шеф на студиото „Анимакорд“ во кое се создава овој цртан филм.

„Тоа е прилично тешко да се коментира без голема иронија. Times би требало да напише дека Маша се однесува черчи ловски“, вели тој. Ловејко додава дека работата за пропагандниот орган во Кремљ веројатно одлично се плаќа.

„За ж ал, за 10 години не сме добиле ни копеј ка државни пари. И никого не сме го ни молеле за тоа, бидејќи сме чист комерцијален проект“, истакнува Ловеј ко. Тој додава дека авторите на серијалот немале на ум никакви политички паралели додека го создавале „Маша и Медо“.

„Нав редливо е толку сериозен весник и медиум, наместо да не праша нас, да наведува мислења. Многу е тешко да се коментира што некој помислил за нешто“, заклучува Ловејко.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This