ОВА СЕ ГРЧКИТЕ БАРАЊА: Забрана на знамето со сонцето од Кутлеш и казна ако истиот некој го користи, промена на името на аеродромот, дисклокација на Александар Македонски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Да се забрани користење на симболот Сонцето од Кутлеш, промена на името на аеродромот и автопатот Александар Македонски, дислокација на Воинот на коњ и споменикот на Филип Втори.

Да се забрани користење на симболот Сонцето од Кутлеш, промена на името на аеродромот и автопатот Александар Македонски, дислокација на Воинот на коњ и споменикот на Филип Втори. Грчки историчари да ја бришат и препишуваат историјата. Алфа ексклузивно дознава детали од грчкиот список на барања кои новата Влада би требало да ги прифати .

 Министерот Димитров вели пак дека нема ништо спорно ниту пак погрешно во тоа да се разговара и нашите историчари да слушнат што нивните грчки колеги мислат за нашата историја. Тој и денес не кажа конкретно ништо. За денешната билатерална средба Коѕијас – Димитров во Солун, повторно вели дека била само позитивна визија и поттикнување на поблиска соработка
 – Разговаравме за тоа што можеме да го направиме за да создадеме една позитивна визија за иднината на регионот.  Поконкретно, зборувавме за поттикнување на поблиска соработка помеѓу организациите на цивилните општества, на академските организации во Универзитетите. Разговаравме и за организирање на бизнис форум. Главната цел ни беше да додадеме на овој позитивен прозор во нашата соработка што се отвора.
По изјавите во грчките медиуми дека Македонија се служи со идредентизам, Коѕијас по денешната средба го смирува тонот велејки дека освен проблемот со името никогаш не кажал дека проблем се и јазикот и идентитетот, туку само дека допрва ќе има содржајни разговори за името.
 Странски медиуми веќе објавија дека по локалните избори ќе се менува името на аеродромот Александар Македонски, најверојатно во Мајка Тереза. Согласно ова и автопатот би требало да добие ново име. Изворите на Алфа откриваат дека Грците веќе барале дислокација или пак уривање на спомениците Воин на Коњ и Филип Втори, како компромис да не се користат во промотивни материјали направени од Владата. Исто така и да се укинат сите промотивни материјали и видеа кои што одат како реклама во странство а каде веќе ги има овие споменици.

42 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This