ОВА СЕ ИЗБОРИ НА КОИ ТРЕБА ДА СИ ЈА ВРАТИМЕ МАКЕДОНИЈА: Став на Димитар Димовски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На првиот ден од кампањата за претседателна државата со свој став се произнесе и членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Димовски.

Тој на својот Фејсбук профил напиша:

На првиот ден од изборната кампања за Претседател на #РепубликаМакедонија, сакам да се обратам до сите чесни и честити Македонци, до родољубите, патриотите, до оние кои ја почитуваат и си ја сакаат нашата држава. Сакам да се обратам до граѓаните на Република Македонија, работниците, земјоделците, домаќините, до сите кои ја живеат неподносливата неправда, мачната задушена слобода, окованата мисла и психозата наметната од власта, до секој кој се чувствува предаден, измамен, обезличен. Сакам да се обратам до секој еден човек во Македонија, кој длабоко во своето срце, знае дека вака веќе не може, не ја бидува.

За нас, Македонците, Македонија е се што имаме. Ние сме деца на Македонија, некогаш горда убавина. За нас, Македонија е земјата каде се раѓаме, каде растеме и каде ќе умреме. Земјата која ја сакаме. Таа е нашата мајка. Таков ни е генот наш, Македонски. И никогаш, ама никогаш нема да се откажеме од неа, ниту да престанеме да се бориме или да се предадеме. “Човекот е роден да се бори”, рекол Јане Сандански. “Робот за слобода, а слободниот за совршенство”. Борбата е вечна.

Ова се избори на кои треба да си ја вратиме Македонија. Избори на кои треба да се казни оваа тоталитарна, ненародна и неспособна власт. Ова се избори на кои треба да го спречиме ширењето на канцерогениот Заевизам и сите уништувачки елементи кои тој ги донесе. На овие избори, послушајте си ги срцето и разумот, оти тие ќе ви кажат дека се потребни промени, дека ни треба #Правда за Македонија.
Исправени сме пред избори, кои овој пат не се обични, туку се избори каде се одлучува за Македонија, се одлучува дали ќе му застанеме на патот на уништувањето на државата, на разграбувањето на економијата, но и на историјата и на иднината.

На овие избори да ја избереме Македонија, честита и праведна. Да се избориме за неа со ум и разум. Да го покажеме целиот Македонски пркос. Да победиме за Македонија, за себе, за нашите блиски, за нашите претци и за нашите поколенија!

За Македонија вечна! 🇲🇰
#НикогашСеверна
#СамоМакедонија
#МакедонијаЌеПобеди

На првиот ден од изборната кампања за Претседател на #РепубликаМакедонија, сакам да се обратам до сите чесни и честити…

Posted by Димитар Димовски on Monday, April 1, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This