April 23, 2024, 11:23 am

ОВА СЕ ЛУЃЕТО КОИ ГО ПРОДАДОА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК: Од 61 пратеник на владеачката коалиција, 66 гласале „За“ двојазичност – опозицијата без соодветна реакција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од 61 пратеник колку што има владеачкото мнозинство, 66 пратеници гласале „за“ законот за двојазичност во прва фаза. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пак најавија дека во наредниот период ќе продолжат со расправата по законот и ќе поднесат низа на амандмани, но не за да го спречат донесувањето на законот, туку за да ги испеглале разликите, односно наводните неуставности во законот

 

Широката јавност пак не верува во искреноста ниту на владеачкото мнозинство, но и во опозициското делување имајќи во предвид дека наместо блокирање на процедурата за носење на законот, како што претходно најавуваа, сега тактиката ја менуваат во „пеглање“ на разликите и неуставностите на законот.

Дел од аналитичарите веруваат дека ваквото омекнување на ставовите на опозицијата по ова прашање е поради подобрување на односите со меѓународната заедница, иако со законот се нанесува непоправлива штета по државноста на Македонија и македонскиот јазик.

Инаку, законот за двојазичност е дел од пакетот од „Тиранската платформа“ која беше услов за формирање на владеачко мнозинство, која ВМРО-ДПМНЕ не ја прифати, а меѓународната заедница ја издигна на ниво на клучен документ за формирање на влада.

68 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This