Ова се најтоксични овошја и зеленчуци кои се прскаат со 15-17 видови пестициди – внимавајте што купувате

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Внимавајте што купувате- ова се 10-те најтоксични оошја и зеленчуци. Во моментите кога се обидувате да заштедите на сметката на намирници и органските производи ви изгледаат како намирници кои не можете да си ги дозволете -размислете повторно!

Една од најважните работи на кои треба а обрнете вниамние при купување на свежи намирници е потеклото. Многу често на локалните пазари можеме да пронајдеме намирници чија цена е сосема прилагодлива на нашиот буџет и да заштедиме малку, но што со хемикалиите – колку сме сигурни во нивното потекло?

Хемикалиите и пестицидите во последните години покажуваат знаци на предизвикувачи на канцер, влијаат на мозоќната активност, влијаат врз растот и развојот. Родителите во голема мера е потребно да обрнат внимание на пестицидите поради тоа што експертите укажуваат на нивниот потенцијален ефект врз децата.

Здравствените проблеми може да започнат уште во утробата на мајката. Stephen Rauch од British Columbia Children’s Hospital вршел испитување врз 300 мајки изложени на organophosphat- ни пестициди за време на бременоста и открил дека нивните деца се раѓале порано од вообичаено, пропратено со мала тежина при раѓањето. Кога станува збор за пестицидите и другите хемикалии, не сите култури се еднакво изложени на нивното влијание.

Ова се 10 те најтоксични групи на култури според Environmental Working Group- 2014

Јаболка

Најпопуларното овошје е едно од најподложните овошки на хемикалии. Особено влијание врз јаболката има diphenylamine, кој одгледувачите го користат за да превенираат темнење на лушпата од складирањето на ладно.Во согласност со Агенцијата за Храна USDA, 80% од јаболката кои ги тестирала во своите истражувања биле позитивни на DPA. Европската Унија забрани DPA во 2012 година поради ризикот од хемикалии кои комбинирани со азот предизвикуваат nitrosamini кои се познати како сериозни канцерогени состојки. Оваа пролет Европската Комислија одлучи да ја рестриктира DPA на увезеното овошје на 0.1 part на милион, просечната концентрација на DPA во Американските јаболка е 4 пати повисока од онаа дозволена за Европа. Освен во свежа форма, оваа состојка може да се пронајде во јаболков сок, јабоколков сос.

Јагоди

За ова релативно нискостеблесто растение, одгледувачите користат различни состојки со кои ги прскаат ( methyl bromide, chloropicrin, и Telone (1,3-D).Сите овие состојки биле поврзани со проблеми во развојот, канцер, хормонски пореметувања кај деца во согласност со најразлични испитувања. Една од најштетните сусптанци кои се користат за заштита на јагодите е methyl iodide, кој EPA го забранила во 2012.

Грозје
Даи можете да верувате дека еден единствен грозд може даприкаже присуство на дури 15 типови на пестициди?
Најопасна од сите овие супстанци е chlorpyrifos, инсектицид кој предизивкува лошење и замалушување кај работниците на лозјата како и кај лицата кои живеат во близината на фармите со лозови насади. Директното изложување на chlorpyrifos предизвикува кашлање, недостаток на воздух, ртоглавица, замалалушеност и дезориентираност. Испитувањата покажале дека долгорочната изложеност на оваа супстанца е токсична за мозокот, а особено лошо влијае врз развојот кај децата.(Chlorpyrifos исто така застапен е и кај цитрусните овошја и јатки)

Целер

Овој зеленчук во себе може да содржи високи концентрации на dicloran и acephate, две супстанци -потенцијални канцерогени предизвикувачи како и листа на други пестициди и фунгициди.
Праски и кајсии

Доколку некогаш сте имале дрво со праски и кајсии во вашиот двор можеби сте забележале дека доколку не сте ги третирале плодот кој го даваат често е афектиран од штетници. За да се добие висок принос и неоштетен плод потребно е да се употребат големи количини на пестициди и хербициди, податоците на USDA покажуваат дека 96% од праските и 100% од увозните кајсии имале знаци за остатоци од пестоциди во својот состав.

Спанаќ

Спанаќот и марулата често се третираат со acetamiprid и imidacloprid, два типа на пестициди од семејтвото neonicotinoids – добропознати неуротоксини. Често овие пестициди се користат врз грозје, јаболка, спанаќ, марула, целер , брокула, зелка. Употребата на neonicotinoi-ди е рестриктирана во Европа поради нивниот негативен ефект врз развојот на мозокот кај деца.

Пиперки

Остатоци од 15 различни вида на пестициди забележани се во содржината на пиперките, а помеѓу нив neurotoxic neonicotinoid- и, кои не само што делуваат штетно врз пчелните колонии туку и врз луѓето.

Краставици

86 пестициди кои биле употребувани врз краставиците утврдени се како неуротоксини, предизвикуваат хормонални пореметувањаи се потенцијални канцерогени состојки. Особено негативно влијание има carbendazim,фунгицид кој се верува дека е потенцијален предизвикател на канцер. Carbendazim е состојка која се појавува во сокот од портокал имногу други продукти.

Чери Домати

Пестицидите и фунгицидте кори се користат кај доматите познати како endosulfin- и , може да предизвикаат потенцијални закани по централниот нервен систем.

Зелени салати
На листестиот зеленчук и зелените салати според тестовите на USDA, најчесто забележани се инсектициди кои се забранети како acephate, chlorpyrifos, и oxamyl.

Што сето ова значи?
Со купувањето на храна без ознака, сносите најголем ризик- ризик по своето здравје. Влијанието на пестицидите и хербицидите со кои се третираат конвенционалните свежи продукти продира не само до самиот свеж производ, нивното влијание се забележува и во различните преработки. Затоа препорачуваме да користите органски производи- цената на органските производи е многу пониска од онаа на конвенционалните производи затоа што станува збор за вашето здравје.

Постојат начини на редуцирање на токсините како на пример: лупење на лушпата, остранување на семките , преку готвење во зовриена вода итн, меѓутоа тоа и не е крајна гаранција дека во целост сте ги остраниле штетните пестидици кои имаат силно продорно дејство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This