April 26, 2024, 10:35 pm

ОВА ШТО ВЕЧЕРВА СЕ СЛУЧУВА Е ДНО: ВМРО-ДПМНЕ е под полициска опсада, ова што се случува е удар врз демократијата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Да кажеме вечерва дека ова што се случува е удар врз демократијата, во најмала рака ќе биде траги-комично, ова што вечерва се случува е дно, истакна генералниот секретар на партијата Игор Јанушев.

-ВМРО-ДПМНЕ е под полициска опсада. Членовите на партијата се претресуваат и вознемируваат од страна на полициски службеници. Никогаш во историјата на независна Македонија немало примена на ваква сила врз партија во опозиција. Ова е класична злоупотреба на полицијата во партиско-политички цели. Ова е хајка и линч врз сите кои мислат поинаку. Режисерите на ова сценарио сакаат да ги заплашат сите кои мислат поинаку и се противат на капитулантската, антимакедонска политика на аболицираниот Зоран Заев, рече Јанушев и додаде:

„Во ваквиот прогон, Заев ги злоупотребува и медиумите. Ова што вечерва го прават неговите орди не е помирување, туку дополнително зовривање на политичката криза… ВМРО-ДПМНЕ и Македонија се жртви на неспособноста на Заев. Година и половина ја уништуваат сопствената држава и сето тоа го прикриваат со политички прогон кој кулминираше вечерва и според нашите информации нема да престане. Ако мислите дека ќе не заплашите, се лажете. Добро ве знаеме и ќе ве запамтиме. Ќе дојде денот кога за ова ќе одговарате и вие кои го извршувате ова сценарио и оние кој го нарачаа и организираа по наредба на Заев“.

Изјава на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Игор Јанушев за политичкиот прогон и полициската опсада на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ!

Posted by infomax.mk on Monday, November 12, 2018

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This