Ова што се случува во Владата од страна на министрите на СДСМ и оние нивни коалициони министри е cpaмно и понижувaчки за македонскиот народ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Јади Бурек” на Тв Сонце, гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска, која се осврна на лошите владини политики, како и на насилните измени во македонската историја и идентитет.

Василевска истакна дека е крајно разочарана од работата на Владата. Таа исто така додаде дека она што се случува во Владата од страна на министрите на СДСМ и оние нивни коалициони министри е срамно и понижувачки за македонскиот народ, бидејќи освен лични материјални зделки, ништо друго не се случува на национален план или за подобрување на животот на граѓаните на државата.

-Сите слушнавме како Зоран Заев се договарал со Бојко Борисов за бизнисите кои му ги ветувал во замена за поддршка, но од сето тоа најверојатно вистина е само дека Зоран Заев дал државни бизниси на туѓ премиер, а за возврат добил вето. Тука најголемиот губитник е Република Македонија, а не Зоран Заев, бидејќи тој не се коцка со неговите приватни бизниси, туку со судбините и иднината на граѓаните на Република Македонија, додаде Василевска.

Неколку години наназад сведочиме на една кампања која е платена од фондации низ Европа за урнисување на општеството кое што функционираше далеку подобро од ова до 2016-та година, но потоа се уверивме дека голем број на припадници на СДСМ, па дури и на ВМРО-ДПМНЕ кои партијата ја користеле како извор на богатење, учествувале во т.н шарени со цел да ја ништожат државата, тоа е крајно некоректно и недржавнички, додаде Василевска.

Според Василевска, Зоран Заев е човекот кој бескрупулозно и врз грбот на граѓаните работи на создавање капитал за него и неговото семејство, додека свесно секојдневно остава македонски граѓани да остануваат на улица без работа и без парче леб. -Тоа не доликува на премиер, ниту на човек кој работи со љубов за својата земја, туку на предавник на кој земјата не му е света, заврши Василевска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This