ОВДЕ МНОГУ ЖЕНИ БИЛЕ БЛАГОСЛОВЕНИ СО ПОРОД: Духовно светилиште кое морате да го посетите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ или познат како Сливнички манастир е средновековен храм кој се наоѓа на 3 километри над селото Сливница во Преспа.

Манастирот датира од 1607 година, а е сместен во густата листопадна шума на еден стрмен и длабоко засечен дол, на западната падина на планината Баба, високо над источниот брег од Преспанското Езеро. Доаѓате во селото Сливница и добро е за секој случај да побарате клуч од мештаните, бидејќи кога нема никој, манастирската црква е заклучена.

Манастирот има широк двор со зеленило, 20 конаци кои имаат 90 легла, кујна и трпезарија. На средина се наоѓа манастирската црква и камбанарија, а од левата страна на црковниот храм има лековита вода за која се верува дека помага за пород и лечи од болести. Голем број жени кои немаат пород доаѓаат, се мијат и пијат од водата и ја молат мајката Божја да им помогне да добијат чедо.

Целиот комплекс е граден со камен, па изгледот е уште поавтентичен и прекрасен за око. Густата шума, погледот кон Преспанското езеро и Божјиот мир и спокој кои владеаат наоколу, ќе ви вгнездат убаво чувство и насмевка на лицето. Влегувате во манастирската црква, а внатре ќе забележите прекрасен живопис, а срцето ќе ви доживее некое посебно чувство кое веројатно само меѓу тие четири ѕида постои. На средина се наоѓа икона од Мајката Божја Богородица, а она што ќе ве трогне се големиот број молитви напишани од жени што сакаат да добијат пород.

Во близина на Сливничкиот манастир се наоѓа и еден од четирите најстари манастири во Европа, светилиштето Св. Ѓорѓи во село Курбиново, потоа новиот манасир Свети Апостол Петар и Павле во село Подмочани и црквата Св. Илија во село Грнчари.

Преспа изобилува со големи богатства и убавини, посетете ја, не се само плажите и топлото сонце во лето привлечни, има многу повеќе од тоа да се истражи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This