ОВИЕ ИЗБОРИ СЕ ИСТОРИСКА ОДЛУКА: Овие избори се одлука за Македонија, Македонија која не потклекнува пред уцени и сценарија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Овие избори пред нас се навистина историски. Досега многупати сум кажувал дека, човек во својот живот честопати се соочува со некаков избор, избор од кој зависи во кој правец ќе одбереш да оди твојата иднина. Има моменти кога човек се соочува со избор кој навидум делува лесен но во суштина е многу тежок, исто како што има одлуки кои изгледаат тешки, но всушност воопшто не се, рече Никола Груевски во своето обраќање пред охриѓани.

gruevski-unija-640x432

-Така е и со овие парламентарни избори кои се пред нас. Изборот е помеѓу две алтернативи. Споредете ги самите. Споредете не што зборуваме, што правиме и како тоа се одразува врз вас и вашите семејства и врз иднината на државата на среден и долг рок. На крај секој од вас треба да се праша самиот. Со кого ќе ви биде на вас лично подобро, кој ќе сработи повеќе, кој подобро ќе се справи со економските предизвици, со кого ќе се чувствувате посигурно, кој има подобар кадар и програма, ВМРО или СДСМ, кој држи повеќе до зборот, кој ќе отвори работни места и ќе овозможи повисоки плати, пензии, социјална помош, на кого повеќе му верувам, на ВМРО или на СДСМ кој ќе биде достоинствен пред уцени, и со кого нема да се срамиме кога еден ден ке погледнеме назад што сме правлее и што се случувало, рече Груевски.

Тој додаде дека во суштина ова е едноставен избор и покрај сложените околности во кои се прави.

-Избор помеѓу две комплетно различни концепции и избор помеѓу двајца кои се кандидираат за премиер, јас или Зоран Заев. Овие избори се и еден вид на друга одлука. Одлука за Македонија. Овие избори се одлука за се она што ви е важно на вас и вашето семејство, економија, образование и сите работи кои ги направив, но се важни и за Македонија, тие се еден вид и одлука за Македонија За Македонија која не потклекнува пред уцени и сценарија. Македонија која е силна и нема да дозволи да ја држат под постојана тензија, да ја редефинираат и променат на полошо, и да си поигруваат со нејзе и со извесноста на нејзината иднина, со нејзиниот суверенитет и државност. Македонија во која живее горд и достоинствен народ, кој е мудар и многу добро знае да препознае што се случуваше сиот изминат период и народ кој никој не смее да го потценува. Поминавме многу во изминатиов период. Некогаш еден ден се гледаше како да трае цела година. Проблеми, предизвици, вештачки наметнати кризи. Но низ целиот период животот не направи посилни од било кога, предизвиците ни помогнаа да останеме и да бидеме подобри, но и да покажеме дека знаеме да се однесуваме и мудро и достоинствено, рече Груевски.

Груевски рече дека сите се свесни оти има доста работи да се направат, но и дека има доста работа и за нивно подобрување и корегирање.

-Ние знаеме кои се очекувањата од нас. За нас секогаш вие и вашите потреби ќе ни бидете на прво место. Ние веруваме во тебе и веруваме во Македонија и таа верба не движи и ни дава сила. Ние сме секогаш тука за вас, тука сме да ги штитиме вашите интереси, рече Груевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This