Овие холивудски ѕвезди Божик слават утре како и ние во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Некои од најпознатите холивудски ѕвезди Божик слават утре. Додека едни се родени во православни семејства, други слават бидејќи ја земале верата на своите партнери.

Ким Кардашијан. Старлетатата е родена во Лос Анџелес, но по потекло е од Ерменија. Имено, таа е четврта генерација иселеници од Ерменија, а нејзините претци живееле на територија која денес се наоѓа во Турција.

Наоми Кемпбел. Родена е во Лондон, мајка и е од Јамајка, а татко си никогаш не го запознала. Додека била во врска со рускиот бизнисен Владислав Дороњин, Наоми станала верник на Руската православна црква.

Том Хенкс. Славниот актер, чиј татко е далечен потомок на Абрахам Линколн, љубовта го натерала да стане православен. Кога по втор пат се оженил со колешката Рита Вилсон, актерот одлучил да стане православен. Таткото на Рита е по потекло од Бугарија, а мајка и Гркинка со потекло од Албанија.

NEW YORK, NY – AUGUST 11: Jim Belushi attends “Show Me A Hero” New York Screening at The New York Times Center on August 11, 2015 in New York City. (Photo by John Lamparski/WireImage)

Џејмс Белуши. Роден е во Чикаго, а неговите родители емигрирале од албанско село недалеку од границата со Грција. Џејмс е припадник на Албанската православна црква и е горд на своите корени.

Џенифер Анистон нашата религија ја наследила од таткото Џон Анистон, роден како Јанис Анастасакис на грчкиот остров Крит.

Кристијан Беил ја примил православната вера кога пред 16. години се оженил со Сиби Блажиќ, бивш американски модел со српско потекло.

Пејачот на Депеш мод, Дејвид Гахан, исто така ја превзел православната вера од својата сопруга со грчко потекло Џенифер Скилаз.

Холивудскиот актер Џонатан Џексон е роден во адветнистичко семејство, но пред четири години тој и неговото семејство преминале во православието. Според неговите зборови тој решил да биде со оние кои не зборуваат многу, но даваат предност на молитвата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This