April 24, 2024, 10:52 am

ОВОЈ ЗАЕВ, ДА ГО СЛУШНЕ ЗАЕВ ОД ПРЕД ЕДНА ГОДИНА: Не дозволувајте режимот повеќе да ве лаже, Уставот нема да дозволам никој да го смени!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оваа историска изјава на Заев сега во очи на предлогот уставни измени, предложени токму од неговата влада сега изгледа смешно. Имено Заев во својата изјава вели дека имаме одличен, Европски Устав кој нема да дозволи никој да го смени. Понатаму вели дека истиот ќе се почитува и спроведува и нема да се менува.


Тој воедно тогаш порача дека не смее народот да си дозволи наводниот режим да го лаже и манипулира, доаѓа живот, а не уставни измени. За жал токму денес целата јавност е сведок на предлогот уставни измени поднесени токму од Зоран Заев кој за да ги задоволи апетити на Грција го менува тој одличен и Европски Устав.

-А што се однесува до Уставот, гарантирам, одличен Устав имаме, Европски Устав, Уставот нема да дозволам никој да го смени. Уставот ќе се почитува, Уставот ќе се спроведува, нема менување на Уставот. Бидете спокојни не дозволувајте режимот повеќе да ве лаже за да обезбеди нови четири години власт за уште да ве осиромашува, а тие да се богатат. Има надеж во Македонија, има надеж за секој од нас, за секој од вас промените се чувствуваат . Почитувани, секоја жртва вредеше, пишуваме историја, рушиме режим, носиме живот, мислете на утрото на 12-ти декември кога ќе се разбудиме надежни и слободни дека почнуваме живот. Еј живот во нашата Македонија, изјави тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This