„ОВОЈ ИЛИ Е ЛУД, ИЛИ ЈАДЕЛ БУНИКИ“: Тешки навреди за Заев во српските медиуми!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Предлогот на Заев Србија и Косово да го искористат Преспанскиот договор како модел за решавање на нивниот спор предизвика оштри навреди за македонскиот премиер. Порталот Информер близок на претседателот Вучиќ во наслов на анализа на оваа тема за Заев пишува : Овој или е луд или се јадел буники.

Во текстот се цитира историчарот Александар Раковиќ познавач на спорот за името и состојбите во Македонија кој прави сценарио како Србија би го решила спорот со Косово по принципите на Преспанскиот процес.

Според Раковиќ Заев добил сугестија за тоа што го кажал на механички начин но не навлегол подлабоко во ситуацијата.

“Како да не е свесен дека се работи за различни ситуации”, вели Раковиќ кој дава сценарио што би се случило ако Србија го користи Преспанскиот договор како модел.

“Србија под притисок на НАТО, ЕУ и САД ја менува политиката и изразува спремност да се согласи на сите услови на Приштина.

Организира референдум за промена на Уставот и границите кој граѓаните го одбиваат.

И покрај тоа западот ја поздравува “храбрата одлука” да се признае Косово и да се променат српските граници.

Потоа следува купување на пратеници во парламентот.

И откако со помош на уцени, поткуп и репресија ќе се угуши отпорот од политичките противници и граѓани се усвојува договор со Косово и промена на уставот.

На крајот Вучиќ и Тачи се номинирани за Нобелова награда за мир.

Порталот Информер е еден од српските медиуми кој е директно под контрола на српскиот претседател Вучиќ.

 

Извор
Експрес.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This