ОВОЈ ПАТ И ГЕРО Е ВО ПРАВО: „Глигоров, Црвенковски и компанија биле будали, а ние сме паметните?“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден од главните медиумски стратези на власта, уредникот на порталот „Плусинфо“ и весникот „Слободен печат“, Бранко Героски во својата најнова колумна поврзана со спорот за името прашува дали „Глигоров, Црвенковски и компанија биле будали, а ние сме паметните?“. Героски прашува: ако решението erga omnes за сите употреби (надворешна и внатрешна) навистина е спас за Македонија и ако тој предлог постои веќе 25 години, како тоа на Киро Глигоров, на Бранко Црвенковски, на Денко Малески, на Вања Тошевски, подоцна на Љубомир Фрчкоски и на уште десетина други врвни македонски политичари и дипломати, не им текнало да ја зграбат таа формула и да го решат проблемот уште пред четврт век?

Героски пишува дека македонската страна во 1993-та година го одбила ерга омнес предлогот за севкупна употреба, нешто што Владата на Зоран Заев денеска е подготвена да прифати.

-Интересно е дека во делот од документот што го постира Дескоски, конкретно во точката 12 б, јасно и гласно пишува дека македонската страна го одбива таквиот предлог, односно преферира име само за меѓународна употреба. Тоа е она што јас упорно го тврдам со денови – да, гледаме дека за грчката страна формулата erga omnes значи ново име за нашата земја и за меѓународна и за официјална употреба кај нас, дома, на сите нивоа; да, можно е тоа да е разбирање и на меѓународните посредници во спорот; но, факт е дека секогаш постоела јасна и прецизна позиција на македонската страна дека ние преговараме за компромисно име само за меѓународна употреба, пишува Героски.

Токму поради ова, тој вели дека не ги разбира „ниту мотивите, ниту беневоленцијата, а уште помалку божемните „аргументи“, со кои некои наши домашни интелектуалци ја бранат идејата за комплетно преименување на нашата земја (erga omnes за сите употреби) и за создавање еден нов, свеж, „плоден“ идентитет, многу различен од овој сегашниов, кој наводно изумира, заедно со нас“.

-Тврдам дека тоа е само една симпатична, ама сепак комедијантска поза, со која не може да се изгради преговарачка, а уште помалку сериозна политичка позиција што утре ќе треба јавно да се брани и одбрани. Ги испраќам Заев и нашите преговарачи во Софија со желба за успех во преговорите (ако се преговара). Нека ја имаат на ум и следнава дилема – ако решението erga omnes за сите употреби (надворешна и внатрешна) навистина е спас за Македонија и ако тој предлог постои веќе 25 години, како тоа на Киро Глигоров, на Бранко Црвенковски, на Денко Малески, на Вања Тошевски, подоцна на Љубомир Фрчкоски и на уште десетина други врвни македонски политичари и дипломати, не им текнало да ја зграбат таа формула и да го решат проблемот уште пред четврт век? Зарем е можно сите тие да биле глупави, недоквакани, неинформирани и оптоварени со своето разбирање на „безвредниот“ македонски идентитет, та не биле визонери да го решат проблемот на оваа земја, да ја воведат во Европа и во НАТО и така да си создадат политички капитал, кој потоа спокојно ќе го оплодуваат останувајќи на власт со години, можеби и со децении?, пишуваГероски.

Тој колимната ја завршува со прашањето: Можно ли е баш ние да сме толку попаметни и поитри од нив?

Глигоров категорично го отфрлил она што за Заев е прифатливо

Според документот кој го објави универзитетскиот професор Тони Дескоски на својот Фб профил во точката 12 б, јасно стои дека македонската страна го одбива таквиот предлог, односно преферира име само за меѓународна употреба.

Првиот македонски претседател Киро Глигоров, категорично го одбил она што за Заев, СДСМ и Димитров сега е прифатливо, ерга омес име за севкупна употреба, што ќе значи промена на уставното име внатре во земјата. Во дел од медиумите во минатото се раскажуваше и случка, според која Глигоров ваквиот предлог го добил и на ливче, но истото го стуткал и го фрлил, без воопшто да размисли да биде прифатено име за свекупна употреба.

Што напиша Киро Глигоров за грчкиот генерал, кој нудеше мито за промена на името на Македонија?

Во својата книга „Македонија е се што имаме“, мемоарски записи, напишани во 2000 година, а објавени во 2001 година, поранешниот претседател на Р. Македонија, Киро Глигоров за прв пат се осврнува на случајот на обид да биде корумпиран, со милион долари.

Во неа за случајот напишал:

„Имаше, тоа првпат ќе го кажам, еден навистина незамислив обид преку грчките специјални служби да се влијае и врз мене, и тоа на извондредно груб начин, да ја прифатам грчката солуција, да направам нешто за да се откажам од името Македонија….

Еден ден министерот за внатрешни работи, Фрчковски ми предложи да примам некои соработници од Службата за да ме известат лично за нешто од нивната работа. Ги примив, а тие ми кажаа дека имале некоја средба со нивни „колеги“ од Грција дека тие официјално им рекле да ми пренесат лично мене дека доколку попуштам околу името, готови се да ми префрлат, на која банка сакам во светот, милион долари.

Јас ги ислушав, прво, долго ги гледав луѓето, а потоа им реков: „Добро, бре, луѓе, како си замислувате – шефот на оваа држава да прими милион долари, да се откаже од името Македонија. Како ве молам, воопшто сте го замислиле тоа? Како воопшто тоа некој може да си го замисли? Тоа е апсурдна работа, ако тоа воопшто некој си го замислил, тогаш јас не сум за ова место.“ Од мене избиваше голема лутина. Тие се згрчија, беше видливо дека им е непријатно, се гледаа меѓу себе: „Е нам ни рекоа, да ви пренесеме“.

Им реков:„Да ви кажам – од тоа нема ништо. Одете си. Му кажав јас и на вашиот министер,“ (завршен цитат, според книгата во издание на „Издавачки центар Три“ 2000-2001, стр. 365 и 366).

Дел од меморите на Глигоров беа објавени во 2012 годиниа во Вечерњи лист.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This