March 28, 2024, 10:49 am

Овој човек има решение за крадењето велосипеди: Идеја која станала хит во светот — потребна е само една налепница

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Јапонија на секои 15 минути се краде по еден велосипед. Од 35.395 украдени велосипеди во 2018-та година, 42 отсто биле правилно заклучени, што на ова момче го поттикнало да ја добие оригиналната идеја.

Сè што му било потребно на момчето за да го реши проблемот со крадењето на велосипедите, била само една налепница. Мотоки Реога од Јапонија, смислил оригинален начин – нему му била потребна само една налепница на која што изгледа како да има измет од птица, која што ја става на седиштето од самиот велосипед, а тоа ги одбивало крадците да го украдат велосипедот.

Мотоки налепницата ја дизајнирал на Технолошкиот институт Чиба, а за својата иновативност добил награда. За да види дали неговата идеја му успеала спровел социјален експеримент кога на улица оставил илјадници велосипеди со налепница од птичји измет, а не ги заклучил правилно.

Во текот на петте денови, колку што траел експериментот, не бил украден ниту еден велосипед. Инаку, налепниците исто така се прикладни и за мотори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This