ОГРОМНА ДОНАЦИЈА ОД ГИГАНТОТ „ХУАВЕИ“: Кинеската влада преку гигантот „Хуавеи“ ќе донира седум милиони евра во Град Скопје!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на Народна Република Кина, преку телекомуникацискиот гигант „Хуавеи“ ќе донира опрема во износ од седум милиони евра за средните училишта во Град Скопје. За оваа донација, денеска во летонската престолнина беше потпишан меморандум, каде македонската Влада ја претставуваше премиерот за спроведување на избори Емил Димитриев.
emil_huawei
Како дел од активностите на маргините на Самитот на земјите од Средна и Источна Европа со Народна Република Кина во Рига, премиерот Димитриев и владина делегација, денеска остварија средба со менаџерскиот тим на кинеската компанија „Хуавеи“ за Средна и Источна Европа и за Скандинавија, со оглед на тоа што компанијата „Хуавеи“ е реализатор на донациите на кинеската Влада од областа на информатичко-комуникациските технологии за овие земји.

На средбата со менаџерскиот тим на кинескиот телекомуникациски гигант, беше разговарано за соработката меѓу Република Макеоднија и Кина во делот на ИКТ-технологиите, како и за соработката на нашата земја со кинеската компанија „Хуавеи“. Исто така беше разговарано и за опциите и можностите за продлабочување на соработката во областа на образованието, трговијата и за технолошкиот концепт на „паметни градови“ и други сфери на соработка од областа на технолошкиот развој.

Започнуваме со еден проект за опремување со компјутери на средните училишта во Скопје. Проектот е во висина од седум милиони евра, но отворивме добри можности за дополнително проширување на самиот проект. Исто така, разговаравме за можностите за соработка и во други области, бдиејќи оваа компанија по својот квалитет, од аспект на технлогија што поседува, е навистина светски бренд. Разговаравме за разни можности и од она што можев да го слушнам е дека намерите на „Хуавеи“ се многу пошироки од она што сега го договоривме за образованието. Како Влада, кажавме дека стоиме на располагање и даваме целосна поддршка за намерите за нивно проширување на бизнисот во Македонија. Кажавме за успесите на Македонија во делот на привлекување на инвестициите, што беше посебно поздравено од нивна страна – изјави премиерот Димитриев по денешното потпишување на меморандумот.

Меморандумот за соработка обезбедува донација во информатичко-комуникациска опрема, инфраструктура и технологија во вредност од седум милиони евра, која донација ќе биде распоредена во средните училишта во Град Скопје. Инаку, оваа донација е прва фаза од соработката во областа на образованието меѓу Македонија и НР Кина, а во следниот период ќе продолжат контактите меѓу двете страни за разгледување на можностите за обезбедување на донација во информатичка технологија и опрема и за училиштата во останатите градови во Република Македонија.

Чест ми е што имаме успешна соработка со македонската Влада. Ова е прв чекор што значи поддршка во делот на образованието. Верувам дека во иднина ќе продолжуваме да соработуваме и да даваме поддршка и во други области, како што се развојот на електронската трговија (Е-комерц) и технолошкиот концепт на „паметни градови“ – истакна Танг.

Бобан Нонковиќ
Сител ТВ/МИА

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This