ОГРОМНА ПОБЕДА НА НЕТАНЈАХУ: Израелскиот премиер останува на чело на партијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изрелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ќе оддржи говор по својата беспрекорна победа на внатрепартиските избори во Ликуд против својот колега, пратеникот Гидеон Саар, пишува весникот „Џерусалем Пост“ .

Нетанјаху освои вкупно 41.792 гласа, или 72,5 отсто од гласовите, додека за Саар гласаа само околу 15.885 лица или 27,5 отсто од членовите на Ликуд, кои се изјаснија.

„Огромна победа!“, напиша премиерот на Твитер веднаш по објавувањето на првичните резултати од гласањето.

„Им благодарам на сите членови на Ликуд за довербата, поддршката и симпатиите. Јас ќе го поведам Ликуд кон голема победа на идните избори и ние ќе продолжиме да го предводиме Израел кон неверојатни постигнувања“, додаде тој на Твитер.

Саар, од своја страна, го прифати пopaзот и вети дека тој и неговите приврзаници, кои го поддржаа во изборите, ќе застанат зад премиерот пред новите парламентарни избори закажани за 2 март 2020 година. Но, по двете недели, во кои приврзаниците на Нетанјаху го напаѓаа, Саар изјави дека нема да му се извини на премиерот за својата предизборна кампања.

-Овој натпревар беше исклучително важен за Ликуд и демократските процеси, рече тој.

„Јас не сум нeзадоволен од својата одлука да се кандидирам (за претседател на партијата). Тоа беше правилна одлука. Оние кои не сакаат да преземат ризици за тоа во што веруваат никогаш нема да успеат“, додаде тој.

Пратеникот од Ликуд, Мики Зохар, изјави дека овие избори докажуваат дека нацијата застанува зад Нетанјаху, и покрај тоа што медиумите се пpотив него и тој треба да побара имунитет за kpивичните дела за kopупција што се водат против него, за да може да продолжи да работи како премиер.

Но, опозицијата е на спротивното мислење. Израелските лабуристи изјавија дека овие избори докажуваат дека премиерот се оддалечил од нацијата. Според најголемата опозициска партија „Сино и бело“, Ликуд официјално се претворил во партијата на Нетанјаху и секој кој не е негов привpзаник очигедно не припаѓа таму.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This