March 29, 2024, 10:30 am

Огромна радост во домот на Маја Вукичевиќ – честитки од сите страни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Таа кариерата ја започна во почетокот на 90-ите како ТВ најавувачка на програмата на МТВ ( тогаш таа категорија постоеше), па беше ТВ спикер, позната поп пејачка, новинарка… Како такава барем потесната и пошироката јавност ја познава Маја Вукиќевиќ.

Но оние што ја знаат одблизу, знаат дека таа од краткиот брак во кој влезе речиси како тинејџерка, го има синот Горазд. Или како што нагалено го викаат Гого. Нејзиниот брак набргу заврши со развод, но нејзиното дете остана да расте, да се развива, школува со неа и покрај неа… како самохрана мајка!

Годините минуваа, времето бргу летна, а нејзиниот живот имаше најмногу смисол кога тој беше во нејзина близина. Маја на ниту еден од своите музички успеси, хитови, фестивалски настапи или награди… не им се радуваше толку колку на секоја насмевка на своето синче, на секој негов успех, водејќи се само со една мисла водилка: најзиниот Горазд да биде среќен и да стане свој човек.

И ете, дојде и тој ден кога најголемата желба и се исполни, а малиот, сега веќе голем маж и го згреа срцето, и го наполни со среќа и топлина. Нејзиниот Горазд стана дипломиран економист!

Маја не можеше личната среќа да не ја подели со сите, па на својот Фејсбук профил објави фотографија и статус,во кој низ зборови ги преслика своите емоции во моментите на радост и среќа – најголема во животот:

„Велат среќата ја прават малите нешта, но денес е онаква голема, огромна што ми го исполни срцето. Кога тргна во прво одделение ти кажав учи сине за себе, не за оценки… Летна времето… Моето прваче на кое му велев, ќе те оставам на раат кога ќе дипломираш, денес стана дипломиран економист. Понекогаш знаеш да се пошегуваш и да кажеш, мамо ние заедно пораснавме, па кога ќе помислам дека на овој свет те донесов со штотуку наполнети 20 години… има малку вистина во тоа. Но ти направи мојот живот да има смисол, секоја твоја насмевка, успех…Една мисла водилка, една желба горела и гори во мене, да си среќен и да станеш свој човек мило мое и запомни парчето хартија не ти дава тебе вредност, ти треба да и дадеш вредност на таа диплома. Ти честитам сине и те сакам неизмерно.
П.С. Те излажав, мајките никогаш не ги оставаат на раат нивните деца… Sorry“.

Сега Маја може да биде раат… Но, не и Горазд. Зашто, како што самата му порача во пораката: „Мајките никогаш не ги оставаат на раат нивните деца…“ Извини другарче, ама иако вели дека те излажала, сепак не лаже. Така е!

Извор: Вистина.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This