ОДБИЕН УШТЕ ЕДЕН ПРИГОВОР НА СДСМ: ДИК го отфрли приговорот на СДСМ за Теарце

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) вечерва едногласно отфрлија уште еден приговор за сумирање на резултатите од гласањето на 11 декември за предвремените парламентарни избори на Коалицијата предводена од СДСМ. Комисијата треба да расправа за уште еден преостанат приговор на СДСМ

dik-cicak

Отфрлен е приговорот за избирачкото место 2016 во Теарце, откако по увидот во целокупниот избирачки материјал во ова избирачко место беше констатирано дека тој во целост се совпаѓа со она што е утврдено од избирачкиот одбор. При разгледувањето на овој приговор, по барање на ДИК денеска на седницата присуствуваа сите членови на Избирачкиот одбор од ова избирачко место со цел да го потврдат избирачкиот записник.

Седницата беше прекината половина час поради тоа што во салата каде што се расправа се слушаа звуци од испукани петарди. Пред зградата каде што се наоѓа седиштето на Комисијата, и денеска се собрани граѓани кои протестираат за, како што посочуваат, да спречат да биде одземена волјата на мнозинството гласачи.

ДИК попладнево во рамки на седницата за разгледување на приговорите по расправата по поднесокот од Коалицијата предводена од СДСМ за гласањето во избирачкото место 2016 во Теарце, со мнозинство гласови одлучи да се пристапи кон увид во целокупниот избирачки материјал за ова избирачко место.

При разгледувањето на овој приговор, по барање на ДИК денеска на седницата присуствуваа сите членови на Избирачкиот одбор од ова избирачко место со цел да го потврдат избирачкиот записник.

Претходно со шест гласа „за“ и три против, Комисијата го усвои приговорот од движењето Беса, кој се однесува на постапката на гласање за избирачко место 0396/1 во Гостивар, за кој беше побарано графолошко вештачење на потписот на еден гласач за кој се утврдило дека има обид за гласање по вторпат.

Одлуката е донесена откако до ДИК денеска беше приложен извештај од графологот, според кој утврдено е дека некој друг гласал во име на посочениот гласач и се потпишал во изводот од Избирачкиот список.

Со прифаќањето на приговорот се поништува гласањето во ова избирачко место, а ќе се повтори само и доколку вкупниот број на гласачи кои гласаа на тоа избирачко место влијаат на вкупните резултати во изборната единица 6.

СДСМ денеска повлече два од приговорите, бидејќи биле ненавремено поднесени.

Досега, ДИК одби пет приговори поднесени од Коалицијата предводена од СДСМ и седум од Движењето Беса. На денешната седницата ДИК го одби приговорот од Коалицијата предводена од СДСМ за гласањето во избирачкото место 1978 во Тетово.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This