March 29, 2024, 11:37 am

Одбиeно барањето за оcлободување на Кaдри Весели

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хашкиот судија Николас Гију го отфрли барањето на одбраната на некогашниот лидер на ОВК, Кадри Весели за негово времено ослободување, објави Косово онлајн.

Истовремено, одбиено е и барањето на одбраната за одржување рочиште за усмено излагање за споменатото барање.

Без разлика што судијата ги прифати аргументите на одбраната дека Весели нема да се обиде да избега доколку биде времено ослободен, тој образложи дека таквите аргументи не ја исклучуваат целосно опасноста од бегство.

Судијата Гију смета дека постои опасност оти доколку биде ослободен, Весели би можел да се обиде да врши опструкција на правдата и да ги заплашува сведоците.

Главниот обвинител Џек Смит претходно наведе зошто треба да се одбие барањето на адвокатот на Весели, Бен Емерсон, со констатација дека за извршените дела му се заканува казна доживотен затвор. Затоа Обвинителството смета дека Весели треба да остане во притвор.

Весели е обвинет за воени злосторства и злосторства против човештвото, вклучувајќи убиства и тортура. За злосторствата од обвинението постои можност за изрекување доживотен затвор. Постои опасност од негово бегство, која ќе се зголеми кога Весели и неговата одбрана ќе ги дознаат сите докази кои ги имаме против него, се додава во соопштението на Обвинителството.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This