ОДБРАНАТА ПОБАРА ИЗЗЕМАЊЕ НА СУДИЈКАТА АЛЕКСОВСКА: На рочиште за случајот Саздо тенз ично

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изземање на судијката Даниела Алековска поради „селективно“ водење на записникот, побараа адвокатите на одбраната на денешното рочиште за уб иството на дваесетгодишниот Никола Саздовски.

Барање за изземање побара адвокатот Насер Рауфи, откако на негово прашање на сведокот Миле Алексовски во однос на неговиот исказ во обвинителството каде кажал дека „Никола уд рил во метална кутија кога паднал“, судијката Алексовска рече дека „паднал до сандачето, а можеби и го закачил сандачето“.

Во тој момент Рауфи побара изземање на судијката Даниела Алексовска со цел да спречи да не биде казнет и дека записникот го водела селективно.

Претходно судијката Даниела го предупреди адвокатот Рауфи дека навредил една од поротничките која постави прашање до обвинетиот, со зборовите “да не си глува”.

На денешното рочиште за уб иството на дваесетгодишниот Никола Саздовски исказ дава сведокот Миле Алексовски. Тој во судница ги препозна Бесир Беља и Скендер Демири, кои според обв инителниот акт заедно со Ј.Љ.(19), кој е во бегство, на 29 јуни годинава кр внички го прет епале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булевар „Александар Македонски“ во Автокоманда.

– До мене беше пок ојниот Никола и девојката, дојдоа тројца дечки мислев дека се знаат, му побараа лична карта и почнаа да го удираат. Викав остајте го детето ќе викнам полиција. Тоа траеше околу минута, минута и пол. Детето падна од уд ирањето и удри на главата. Двајца дечки побегнаа накај колата „мерцедес“, а едниот го уд ри со нога на вратот. Ја запалија колата и отидоа, истакна сведокот Миле Алексовски на рочиштето за убиството на Никола Саздовски.

Претходно обв инителот побара исклучување на јавноста поради воз немиреност на сведокот, но судечкиот совет го одби барањето.

Јавниот обвинител Ангел Фидовски, во воведен говор, кажа дека ќе докаже оти двајцата обв инети Бесир Беља и Скендер Демири заедно со третообв инетиот, кој е во бегство, со умисла го лиш иле од живот Никола Саздовски на начин што на 29 јуни годинава на автобуската кај „Алкалоид“ го прет епале нанесувајќи му смр тни повреди.

Адвокатите од одбраната посочија дека ќе докажат дека правната квалификација на делото е погрешна.

Двајцата од нап аѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во при твор во затв орот „Скопје“ во Шутка, а за третоосомничениот, кој се уште е недостапен за органите на прогонот распишана е домашна и меѓународна потерница.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This