ОДБРАНАТА ЌЕ БАРА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПРИТВОР ЗА ТОШТА: Поради драстично влошена здравствена состојба, одбраната бара укинување на притворот за Тошта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одбраната на Александар Јаневски „Тошта“ обвинет за убиство во обид на пратеникот Зијадин Села најдоцна утре ќе поднесе барање до судот за да му ја замени на мерката притвор со друга, потврдија за Телма, откако Тошта вчера падна во судницата и се онесвести, по што со брза помош беше однесен во градската болница „8 септември“. Адвокатот на „Тошта“ Бојан Ваневкси вели дека се уште ја нема добиено медицинската документација за неговиот клиент од вчерашните испитувања во болницата и бара Јаневски да излезе од Шутка затоа што вели нема соодветни услови за лица со здравствени проблеми.

За ова реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ. Велат вчера на носилка од судница беше изнесен и Александар Јанески. Судот не го интересира ниту неговото здравје, ниту фактите на одбраната.

Во однос на Сашо Сенков за кого вчера беше повлечено обивнението по 7 месеци минати во притвор од ВМРО-ДПМНЕ велат му се погазени сите права и без никаква основа и докази беше политички обвинет од страна на клиентелистичкото обвинителство на СДСМ. Сенков е само една од жртвите на политичкиот прогон на државата заробена од криминалниот картел, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Сашо Сенков вчера излезе од Шутка откако обвинителството направи измена на обвинението и се откажа од негово гонење по најновата снимка од нападот на Села. Од скопското обвинителство велат дека презема и понатамошни дејствија за целосно расветлување на настанот.

извор:телма.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This